Колибата на чичко Том Во два наврати, бидејќи два пати ја добивме за лектира. Сигурна сум дека и денес ќе плачам ако ја читам. Колку беше тоа неправедно, жално и тажно Неспоредливо со ниту едно друго четиво. Затоа ми е меѓу омилените и мора да ја побарам повторно. Улавите години... Пајажината на Клементина, на крајот Втората смена, исто така на крајот (плачев бидејќи им заврши летниот распуст) Сe` детски книги. Книги за возрасни не сум забележала да ме трогнуваат.
На секоја што сум ја прочитала. Ако не плачење, очите ми се насолзуваат барем еднаш, 100%. Дали се такви книги бирам, дали е до мене, не знам
До тебе е, затоа и јас престанав да читам романи. На филмови не плачам ама на книги многу плачам. Посебно при разделби.
Последната песна- Николас Спаркс Единствена на која сум плачела, период кога Спаркс го читав. И колку пати повторно да ја прочитам, знам дека тоа ќе биде резултот, болна точка дирка. Истото се однесува и за филмот.
Марта - Горјан Петревски Романите на Спаркс Ранетиот Орел , Гревот на нејзината мајка , Непобедливо срце - Мир Јам Не знам дали беше дел од роман , исто на Мир Јам - Девојката со зелени очи . Ми остана во сеќавање и во прва прилика ќе го земам да си го прочитам пак .
Збогум Најмила - Кристин Хана Првиот Последен Бакнеж - Али Харис Самац у браку, Мала супруга - Мир-Јам Одлука - Николас Спаркс