Јас уште од првиот дел си плачев се' до крај. Еве сега по втор пат ја читам. Ова е нешто боженствено!
Ова завршува со нас - Колин Хувер, Роза за балерината - Лурлин МекДениел. На овие две сум плачела најмногу, а инаку на сите кои што ги читам плачам
Многу плачев, поштено си се изнаплакав, дур ја читав "Сестрата создадена од бура" на Лусинда Рајли, втората книга од серијалот "Седумте сестри". Многу се соживеав со животот на Али.... Книга од 600 страни во еден здив ја прочитав.
Многу се соживувам со ликови, посебно ако е поголема книгата, над 300-400 страни. Дефинитивно книги на кои сум плачела и се сеќавам се Ова завршува со нас од Колин Хувер Сите твои совршености исто од Колин Хувер Најмрачното изгрејсонце и Најсветлото зајдисонце од Али Мартинез. Илјада неверојатни сонца од Халед Хосеини. Долго време леев солзи после книгиве.
Славејот- Кристин Хана, Прошетка за паметење - Николас Спаркс, Сите твои совршености - Колин Хувер, Полноќна роза - Лусинда Рајли. Има уште многу други ама не се сеќавам сега, на овие изгледа најмногу па затоа први ми паднаа на памет.
Тихиот Дон. Кога видов коку страни има. Се шалам. На филмови сум плачела. На книги не. Додека читам, застанувам да "обработам" емоции, да не ме совладаат