Нема книга од Николас Спаркс на која не сум плоачела , особено на "Порака во шише" . Исто така Leaving Paradise ... и на многу други
Плаќев кога ја читав Споменка од Горијан Петрески.Најмногу ме погоди моментот кога Споменка требаше да си замине од селото и да ја напушти првата искрена љубов...
Скоро на сите од Ноколас Спаркс, освен "Страници за нашата љубов"; "Пиреј"; "Рингишпил"; "Девствено сино" - Трејси Шевалие има и други, ни ми текнуваат сега во моментов.
На сите книги од Карлос Руиз Зафон. Прва ја читав „Сенка на Ветрот„ и се отепав одплачење. После „Играта на ангелот„ „Полноќна палата„ „Септемвриски светлини„ „Принцот на маглата„ Сега ја читам „Марина„ и со душа чекам да ми падне во раце „Заточеникот на небото„ ..Нигде ја нема. Како и да е, да не се оддалечувам од темава, исто така имам плачено на „Исти очи„ и „Вечниот ветер„ од Горјан Петревски, на „Сопругата на дипломатот„ од Пам Џеноф, и многу други. Кога читам се соживувам со ликовите и станувам многу емотивна.
Имам плачено на „Марта“,на „Бојан“ (кога умре кучето), „Момчето во пижами на риги“ (на крајот) има и др. но сега не ми текнува баш. Исто и јас како тебе Мелоди се соживувам со ликовите и тоа многу
Клетници - Виктор Иго, Марта - Горјан Петрески, Последната песна - Николас Спаркс, Роза за балерината, Дар од ѕвездата Акабар - Мандино и Бади Кеј... уф, многу ги има, ама не ми текнуваат баш во моментов.
Порака во шише - Николас Спаркс П.С. Те сакам - Сесилија Ахерн Се соживеав со ликовите и се убив од плачење! Двете книги се ПРЕКРАСНИ љубовни приказни!
досега сум плачела на пајаѓината на климентина . Читам читам и мајка ми ме прекина и ми рече дај јас ќе ти ја читам . Кога че се сетам на крајот на книгата уште ми с е плаче