Плачка сум си јас, во секоја книга има дел што ќе ме расплаче. Ама се сеќавам на првата книга што ептен ме погоди - Милосија од Ката Мисиркова Руменова
На онаа Глувчето Мице или како се викаше (ако воопшто беше книга, жими се не ми текнува во 2 одделение ја обработувавме). Кога глувчето ке падне во казанот и ке го сварат бабата и дедото. Трауми ми остави жими се.
леле,значи голема плачка сум јас за вакви работи на лектири плачев дури,на детски сликовници,на бамби цела недела плачев и пак ќе плачам ако пак ја читам сликовницата,а каде ли на други книги,се сеќавам,кога имав 5 години мајка ми ми ја читаше малечката сирена и цел ден имав плачено пајажината на климентина,иако имам фобија од пајаци,книгава онака ме растажи сега полуматурантка сум,па си читам некои посериозни книги заробени сништа книгата,од марина немат (според вистинска приказна) ,многу ме растажи,толку многу што неможев да се смирам...кога ја мачеа девојката ми преостануваше само да се заблагодарувам што мојот живот не е таков..
Исто и јас, неможев да се смирам 20тина минути. Исто така и на РОЗА ЗА БАЛЕРИНАТА. Ме расплачуваат и последните книги од некои сериали, како што се: Хари Потер и Самрак.
На многу книги сум плачела, ретко читам книга, а да не пуштам некоја солза. Секогаш се наоѓа некој дел кој ме трогнува. Ќе ја спомнам Роза за балерината, така посвежа ми е. Скоро цела книга низ солзи ја читав, ми беше некако страшно тешко, па не знам дали пак ќе читам некоја книга од тој тип.
Марина и Играта на Ангелот-Карлоз Руиз Зафон Зошто толку емотивно се раскажани, што неможеш да читаш, а да не ти е тешко на срцето. Времето на лалињата-Дебора Могах Мала прекрасна книга, за љубовта, лудилото, збогувањето и уметноста, со ептен тажен крај. Хари Потер,зошто цело детство и тинајџерство растев со него, па некои ликови ми прираснаа за срце. Москва на солзите не им верува-Валентин Черних Зошто е брутално реална. Ќерката на мојата најдоба пријателка-Дороти Кумсон Зошто беше една топла и емотивна приказна. За љубовта и другите демони Маркез знае да расплаче,со неговите детални описи.
"Роза за балерината" - Оваа беше прва книга на која не можев да си ги сопрам солзите. Книгата е прекрасна и не можев да ја оставам до дека не ја прочитав.
На книгата БИОЛОГИЈА највеќе а онака сум се расплакала на Дневникот на Сузан за Николас - Џејмс Патерсон
" Пиреј " - Петре М. Андреевски , но не онака солза , две туку буквално си ја преплакав целата книга „Ископав дупка покрај другите гропчиња и ја закопав. Ја покривам со земја и се чудам: кај отиде огнот нејзин, како остина толку? Ја закопувам Капинка, а се молам Ѕвездан да причека, да не умира денеска. Веќе немам сила... Е, ја испратив Капинка синко, велам, си отиде Капинка. Ни се налути нешто, многу ни се налути и си отиде. Ја викав, ја молев да се врати, велам, ама не се врати.. " До коска да те здоболи
На секоја книга на Спаркс си плачам Посебно се утепав плачејќи на “На прв поглед“. Таква сум си, плачка Сеа ме заинтригиравте со оваа Роза за балерината, одамна се токмам да ја најдам, морам да ја прочитам