на девојката со портокали на есенско зајдисонце на чекај ме на дали ме чекаш на чекори за сеќавање...
Сеуште е немам заврешено,имам уште неколку за читање.Но,плачем додека читам: -Подарок - Даниела Стил. После имам плачено на Марта и Исти Очи од Горјан Петревски,а и да Тристан и Изолда - Жозеф Бедије.
Многу често си плакам на книги.. Морам да ја спомнам Роза за балерината, Дневникот на Сузан за Николас, Чекори за секавање и мн мн други
Хм, хм , хм.... Сите книги допираат до мене, на различен начин... Обожавам да читам, особено оние хорор романите или научно фантастичните а и оние психолошките, но не изостануваат (само малку) љубовните романи. Но секогаш знаат да ме допрат тажните Краеви. Но тоа е така бидејки кога почнувам да читам јас влегувам во книгата, се смеам на секоја смешна случка, се нервирам на секој неуспех на главниот лик, се разочарувам со него, а што е најважно сите книги се трудам да ги прочитам колку што може побрзо, бидејки воопшто не можам да чекам до следниот пат, нетрпелива сум, а да не палчам во ниеден друг дел освен на кројот, бидејки знам дека е конечно така....
Плачев на Бојан ... за дедото хаха И на Загубениот симбол за Роберт Лангдон , среќа после испадна дека е жив инаку немаше да ми биде убава книгата ....
Највеќе сум плачела на Јужно од границата, западно од сонцето од Харуки Мураками, потчно на последната глава од кингата. Толку ме натера да размислувам за вредните работи во животот. За тоа колку моменталното задоволство може да биде нож со две острици. Топло ја препорачувам книгава за сите со нежни срца Исто така имам плачено многу на Паднати Ангели од Трејси Шевалие, која е една од моите омилени семејни драми. Ја читав во школо, си седев во последна клупа на последен час и си подлипнував
Еден и единствен пат кога имам плачено на книга е на Прирачникот за анти антиалхохоличари на Игор Џамбазов.......имаше едно делче кое ме потсети на една моја драга личност која повеќе ја нема во мојот живот
Страданијата на младиот Вертер- Гете. Колку сум плачела на книгава, не е возможно. Посебно на писмото што и го напиша на Лота пред да се самоубие. Ја прочитав пред неколку години и досега ни една книга не ме трогнала како оваа.
Се случило да пуштам солза на некоја книга, но сега не ми текнува на насловите. Но, кога ќе дадам за некоја книга 500 денари и ќе испадне тешка глупост, е тогаш ми доаѓа -не да плачам...да рикам.
На Зазорување последниот дел на сагата Самрак Кога Бела се збогува од Ренесме и На Млада месечина Кога Едвард ја остава Бела....
На Козета и Гаврош, се сеќавам бев многу мала, баба ми ја читаше а потоа и прераскажуваше судбината на Козета, колку плачев само. Од тогаш не плачам на книги.
Сама си го барав.. Сакам книги што создаваат чувство на суспензија во мене и страв и восхит во исто време, ама Давателот ме удри на психа буквално. Беше како плачење од ужасност и страв.. Иронијата е што ми е омилена книга до ден денес а ми создава физичка и ментална тежина кога ја читам.