Дневникот на Ања-Томе Арсовски Книгава ја имам видено само во библиотеката од основно и мислам само јас ја зимав по неколку пати годишни. Ања е мачка, она мачка мјау, мјау, мјау и во книгата е опишан нејзиниот живот. Абе се имам утепано од плачење на книга заради тажниот крај, на палома им направив промет тогаш невиден. Дневникот на Ана Франк-од разбирливи причини Ејј, имаше уште ама ептен не ми текнува.
Преродба во 100 чекори - автор непознат Кога ја читав оваа книга, не-знаете колку емоции ме обзедоа во тие моменти. Читам а во главата гласот на Латас и Ивончето, абе бајка знаете што е бајка, прекрасен свет во македонија ќе се живее поубаво од било кога - рози цветаат-славејчиња пеат- децата трчаат по зелените ливади - кутрињата весело мафтаат со опашките. Македонија во Европската Унија- Нато - БДП покачено 300% -нема убиства- нема криминал- невработеноста 0,5% - примаме економски азиланти од западно европските земји - сите во македонија започнуваат да употребуваат меко француско Р или се трудат да не го изговорат додека зборат. А преродбата во 100 чекори продолжува, не-можам да ви опишам кој емоции ги побуди во мене. Иако Научна-фантастика. Очи ми истекоа од солзи.
леле ме потсети на книгава, и јас имам плачено на книгаа и неколку пати ја читав...инаку сите книги што ги купувам,ме расплакуваат,плачам на сите,особено на оние од николас спаркс и пауло коељо
Марта - Горјан Петревски Дневникот на Ана Франк Прстен - Даниела Стил Многу потресни книги обожаваам романтични книги ии со трагичен крај.. Ама ова последната беше апла =.=' иако не беше со трагичен крај..
Мммм.. Марта, пајажината на Климентина, Споменка, девојчето со две имиња...и на Хајди имам плачено, Мери Попинс.... .....не ми текнуваат други..ама на многу !
Загубената ќерка од Дајен Чемберлен Сенка на ветрот и Марина од Карлос Руиз Сафон Девствено сино од Трејси Шевалие.
Како мала се убивав од плачење на „Девојчето со кибритчињата„. Ја имав како сликовница, и секогаш кога ќе ја читав плачев. И ден денес ме потресува приказната на девојчето. Плачев на „Браќа Карамазови“ од Достоевски се убив од плачење, на „Де Профундис“ на Оскар Вајлд, на „Љубов во време на колера„ од Маркез, на „Мостот на Дрина“ од Иво Андриќ....има и други сигурна сум, не ми текнува во моментов.
На П.С Те Сакам значи се превртев од плачење не знам што ми беше едвај се смирував имам плачено и на Последната Песна плачев сега за лектирата Шагринска кожа на др не се сеќавам ама прилично доста голема плачка сум
Леле се сеќавам како помала ја читав Пајажината на Климентина, и на крајот умре пајакот Климентина и јас се утепав од плачење.
"Killing me softly" дефинитивно е многу подобра од филмот. Филмот е живо сра*е, во споредба со книгата. Ја прочитав во еден здив, паднав на испит заради неа (не учев, ја читав книгата), ама не ми е мака. Една од Топ 10 дефинитивно.
На книги обично не плачам, иако сум голема плачка, но се сеќавам дека одамна, одамна, се расплакав на „Споменка“ од Г. Петрески.
Исто. Многу трогателна приказна за дете бе. Инаку во постари години, се истурив од плачење на мојата омилена книга, "Клетници" од Виктор Иго. Толку релна и потресна приказна не сум читала. Го доживеав како мене да ми се случуваше, толку беше реално , ептен се внесив во книгата.
На многу книги сум плачела. Кога читам, едноставно се соживувам со ликовите. Според мене, тоа е квалитетно читање. Сега во моментов ми текна на Одлука- Николас Спаркс (последна лесна книга што ја прочитав, ама на крај ме уби од плачење) Исто така на Мемоарите на една гејша - Значи книгата ја носев секаде со мене, каде стигнев- читав. Неможев да ја пуштам од раце. И плачев, толку ми беа релални ликовите. Исповедта на една акушерка - Голема е книгата, но вреди. Навистина. Итн, итн....