Халед Хосеини - Илјада неверојатни сонца Вака не верувам пак да плачам на книга. Ја читав на базен и мислам дека сите очи во мене беа вперени. Не можев да се соземам.
На "Небеска Тимјановна" од Петре М. Андреевски. На многу сцени плачав, нема шанси да не плачеш на судбината на Небеска, а најинтересно е што се е објаснето со доза на црн хумор.Да пукнеш од смеење, аха како да не. Посебно на крајот од книгата, кога отиде да си го земе синчето од дом за напуштени деца и ова не ја позна, мислам срцето ме заболе од плачење. Кој не ја прочитал, топло му ја препорачувам. Исто имам плачено и на некои делови во "Принцезата Султана" и на Ана Каренина кога не и дозволија да си го гледа детето. Мене трагични љубови не ме расплакуваат, ама на однос мајка-дете е тогаш
Кога бев 2 одделение, често препрочитував една книга „Мојот најдобар татко“ Ме правеше тажна, зашто се зборуваше за неизмерната љубов на таткото, што јас никогаш не сум ја осетила. И на крајот таткото умира. Прв пат се соочив со приказна која има тажен крај. Иако знаев каков е, секогаш си гличев. Липав, не плачев.
Остров на пеколот од Паскал Гилевски Судбината на Македонците во егејскиот дел на Македонија прикажана преку два лика и љубовта меѓу нив која се раѓа во еден од затворите по грчките острови.
Eeee додека одев на училиште сите ги оплакував немаше кој да им ја забрише прашината сиротите се гушеа од прашина и на крај најмногу плакав ко завршив и ми користеа за запалок за огинот еее и ден ден си ја пеам СОЛЗИ ТЕЧАТ МИЛА ПРОСТИ МИ