Сум плачела на Црно Семе од Ташко Георгиевски. Каква мака дожувуваат ликовите таму,како се изживуваат и како ги понижуваат тоа е страшно. Книгата е мала, но дефинитивно буди тажни емоции во тебе. Како што спомна Camellie претходно и Пиреј е многу жална книга.
Роза за балерината... кога ја почнав да ја читам мислев дека ќе ми биде досадна, а на крајот ми требаше палома... премногу се внесов во книгата... предобра е!
Сега само што си ги избришав солзите Драги Џон ја дочитав и се расплакав по незнам кој пат се соживеав со книгава
Подобро е прашањето: На која книга не сте плачеле ? Јас како позната плачка, плачам на 95% од книгите што ги читам. А ако треба да издвојам на што најмногу сум рикала па еве Ловец на змејови, Илјада неверојатни сонца и Папата Јована
една и единствена на која имал ПЛАЧЕНООООО е Орлите рано летаат или Ранолетните Орли ( зависи од издавачката куќа) Значи цела книга е жива комедија а крајот е .....
Перфектна Хемија Повикот на Дивината Леон.. сега ги имам Продадена и Роза за балерината, и најверојатно ќе плачам за Роза за балерината, голема плачка сум, а како што кажуваат сите - тажна е
На книгите на Мирјам То је било јадне ночи на Јадрану Мала супруга Отмица мушкарца Непобедливо Срце Рањени Орао Девојка са зеленим очима Дама у плавом У Словенечким Горама Самац у браку
http://sakamknigi.mk/index.php?opti...-на-сузан-за-николас-џејмс-патерсон&Itemid=58 липав на крајов на книгава
На биологијата. Авторот не и го знам. Не, озбилно. На Чекори за сеќавање-Николас Спаркс. Можеби некој друг не би. Ама кога ќе се спојат некои жички... Толку треба.
Хм, се сеќавам дека фактор бивши се вика книгата. Баш во натписот назад пишуваше дека можеби ќе пуштиме некоја солза и вистина тоа испадна кај мене. Тоа е единствената книга на која сум плачела. Обично не сум толку емотивна кога се работи за книги. Сепак книги се.
марта-горјан петрески и целата серија на академија за вампири од ришел мид посебно димитри кога стана стригој а роуз тргна да го убие абе се убив (не се преведени сите делови па морав на српски да читам)
На последната книга која ја читав Марк Леви - Се што премолчавме... инаку сум плачела на повеќе ама вака не се сеќавам. )
Единствена книга на која сум плачела е Дневникот на Сузана за Николас... Прекрасна книга која ми го стопи срцево