П.С Те Сакам- Сесилија Ахерн Книгата е дааалеку подобра од филмот, една од моите омилени. Вреди секој денар што го дадов
На `Рингишпил`-Јелена Бачиќ Алимпиќ. Прекрасна,навистина прекрасна. Неверувам дека некој и останал рамнодушен.
Белата грива- Рене Гијо.Прилично детска книга, но толку тажна што и сега да ја читам, може нема да заплачам но во мене ке се побуди неизмерно чувство на вознемиреност и тага.Зборовите со кои е опишано давењето на момчето со неговиот коњ се срцепарателни.
„Затоа што те љубам“ - Гијом Мисо Буквално не ми дозволи да ја испуштам од раце, таква судбина на едно девојче, кое спои многу животи. Книгата е прекрасна, незаменлива, солзи ми течеа на неколку делови од неа ... и мислам дека толку ме погоди што детално го запамтив секој дел од неа ... Крајот е неизвесен и толку тажен ... Боли исто како да ми се случувало мене...
„Тристан и Изолда“ - Жозеф Бедје, Немате појма колку сум плачела на книгава. Ништо не ме растажи толку колку реченицата:“Нека најдат тука утеха несреќните и оние што копнеат за непостојаноста, за неправдата, за љубовниот пркос, за душевните страдања, за сите љубовни маки!“ „Исти Очи“ - Горјан Петрески, Искрено, не знам што толку ме расплака кај книгава( јас не сум плачка по природа ), можеби тоа што насекаде има такви илјадници случаи, кога брат и сестра се разделени...Не знам. „Споменка“ - Горјан Петрески, Немам коментар.
Па скоро на сите книги од Николас Спаркс пуштам солзи,посебно на Порака во шише и Чекори за паметење. „Дневникот на Сузан за Николас“,Џејмс Патерсон-се истурив плачејќи,преубава книга. „Пајажината на Клементина“-првата книга на која плачев,во 4 одд,колку ми беше тешко за Клементина „Hаrry Potter and the Deathly Hallows"-Не беше толку тажна,ама дека последна,од мака плачев дека заврши..
Тихиот Дон од Шолохов. Кога жена му Наталија мислам се викаше ќе му роди близначиња и ќе искрвари а тој ќе си биде со љубовницата. Колку многу го сакаше сиромашката, скоро колку што тој ја сакаше љубовницата. Колку е суров животот. Абе се сеќавам одамна беше ама толку ме погоди приказната што неможев да се смирам за да продолжам да ја читам а дело за обработка ни беше и морав да побрзам.
Незнам зошто ,но јас плачам на секоја книга што ја читам кога ја привршувам ..хахах И да не е тажна книгата ја на крај си пуштам по некоја солза ..а на тажна книга па тогаш река од солзииииии хахах