Родена како христијанка сум и имам Македонско име. Сега сум горда муслиманка, која ја почитува и сака својата вера.
Ете, во срцето мислам дека ми беше исламот, можеби затоа што во оделението половина од девојчињата беа муслиманки... Незнам, ама сега не пропуштам ниту една молитва, постам за Рамазан...
Не си родена како христијанка, тоа е религија што ти ја избрале родителите. Мило ми е што го следиш твоето срце и си ја избрала правилната религија.
ајде бе..ти најде да кажуваш која е правилна религија? Баш ја прикажуваш твојата, како начин за перење мозок според мене ама ете јас не кажувам дека и покрај тоа е погрешна.. Сите доаѓаме од исто место, сите кога ке умреме гниеме во земја и не јадат црви, а тоа со религиите е само направено за полесна контрола над луѓето за жал бидејки секако полесно е кога не ни се сите овци на број да обвиниме некој горе или место да се направи нешто, да се молиш од небо да ти падне..Затоа немаш право да кажуваш која е правилна религија која не, кога не ја знаеш првата основна работа, а се нарекуваш верник.
Јас не верувам дека Јoi мислеше правилна во општа смисла, туку лично за Lella1. Таа самата си има пишано дека е Христијанка, па поинаку да се сфати не би имало ни смисла. Доколку преку Исламот е подоследна, тогаш го направила вистинскиот избор за неа. Не може секој да го слави Бог на ист начин, ниту пак да се пронајде во иста религија (во спротивно не би ни постоело доброволното менување на вера туку сите би се пронашле во она што им го понудило како дел од воспитување и начин на живот непосредното окружување). Како што јас, иако знам дека сум далеку од достоен верник, не би чувствувала поголема припадност во ниту една друга религија иако сум крстена уште кога сум била премногу мала за да разбирам.
Сакав да кажам дека лично за лела таа е правила религија, не дека исламот е единствена и најправилна религија. И јас како што знам религиите се појавуваат во камено време, кога луѓето живееле родови и сите биле еднакви, немало кој кого да контролира. И се имам изјаснето во друга тема зошто мислам дека луѓето во 21 век уште веруваат во Господ. religija/dali-veruvate-vo-gospod-t230/1160.html
Во камено време повеќе биле присутни тотемите, верувањето во богови и слично.. И да постоело религија немало карање или натпреварување која религија е вистинска која не. Тоа се јавува многу подоцна А за тоа зашто веруваат луѓето во Господ, фала богу сите си имаат различни верувања причини и интереси. Јас сакав да потенцирам дека никој нема право да каже мојата религија е таа вистинската на пример.
Не сакам да те навредам,ама сакам да те прашам дали си се преобразила од православна во муслиманка или отсекогаш си била? Не дека ме интересира само онака.