Со твојот коментар секако сакаш да те цитираат,мозеби и узивас во тоа,па ајде кази несто просветли не што уште е твојата религија освен што е "најчиста"...
Za mojata vera mi e zadovolstvo da zboruvam kolku e lesna I ispravna zosto vo verata nema nasilstvo patot vistinski jasno se oddeluva od zabludata, ama na koj da mu objasnis m? Vednas se zafrkavate I sto uste ne pisuvate. Temata nee za toa , ednostavno samo odgovoriv na prasanjeto na temata I tolku. A sto vi smeta tolku nikako nemozam da skontam. Cao pozz
Христијанка - православна Инаку и јас не сум против останатите религии, ама не можам да не кажам дека ова е страшно и незнам како може некој да дозволи да го убедат дека ова што го прави е нормално. Страшно http://sitel.mk/i-ponudile-obrok-pr...sti-vo-obrokot-i-go-servirale-sopstveniot-sin
Анкетава е скроз погрешна. Од 4 понудени одговори има само три опции: Ислам, Христијанство и друго. Одбрав друго, бидејќи не верувам во религии.
Aham , pa toa za nasistvoto mi bese da kazm ne za takvo nasilstvo..ttuku za prifakanje na verata. Vo verata nema nasilstvo , patot vistinski jasno se oddeluva od zabludata , onoj koj ne veruva vo tagut a veruva vo Allah, veke se fatil za najcvrstoto jaze vo koe nema iskinatica. Ova mi bese rabotata samo sto ne go dovrsiv. I ima uste mn da se kazuva ubavi raboti za verata moja no NE TUKA Zs tuka nikoj ne saka da gi vidi ubavinite tuku vednas se zafakate za minatoto vreme koga se pravele razni spletki I stapici samo da se ogrdi Islamot. No koj saka ke razbere koj ne....ic ne me boli. Gospod da ne upati site na praviot pat.
ИСИС тоа што го прави не го пишува никаде во Куранот. Како и да е, не е тоа темата, Кукла си се изјасни на која религија припаѓа и дека за нејзе таа е најчиста, не дојде да ве убедува дека Исламот е почист од Христијанството. Нема потреба да ја напаѓате за тоа, има и други теми за дискусија за разликите помеѓу двете религии.
Тоа што го прави ИСИС никаде во куранот не пишува дека треба да се прави, баш напротив, и во муслиманската вера тоа што тие психопати го прават се смета за грев. Не сум муслиманка, само кажувам дека ИСИС е друга работа.
Катина, во Куранот постојат многу ајети кои што, во својот контекст, повикуваат на насилство и агресивна борба. Поентата е во тоа што либералните и неагресивни муслимани велат дека тие ајети се однесуваат за времето на Мухамед и борбите што тој ги водел во Арабија, а муслиманите-фундаменталисти веруваат дека тие ајети имаат и сега значење и се повик за секој муслиман што целосно сака да му биде послушен на Алах. Значи разликата е во интерпретацијата на тие ајети, а инаку тие секако дека постојат во Куранот. Еве неколку од нив: Па, кога светите месеци ќе поминат борете се против многубошците, каде било да ги најдете, заробувајте ги, опколувајте ги, чекајте ги во заседа од секој вид! Па, ако се покајат, и ако намаз извршуваат, и ако зекат даваат, пуштете го патот нивни. Аллах, навистина, е Простувач и Сомилосен! - Сура Аl-Тawbа 9:5, Куран И борете се против нив се додека го снема сплеткарењето и додека верата Аллахова не биде присутна. А ако престанат... па, Аллах го гледа она што го работат. - Сура Аl-Аnfal 8:39, Куран О пејгамберу (пророкот Мухамед), поттикнувај ги верниците кон борба. Ако меѓу вас има дваесет трпеливи ќе победат двесте, а ако, пак, меѓу вас има сто ќе победат илјада од оние кои не веруваат зашто оние се, навистина, луѓе кои не сфаќаат. - Сура Аl-Аnfal 8:65, Куран О верници, што ви беше кога ви беше речено: "Појдете во борба на Аллаховиот пат"- како да сте на земјата заковани? Повеќе ли сте задоволни со животот на овој свет од животот на Ахирет? Па, уживањето во животот на овој свет е ништо во однос на уживањето на Ахирет! - Сура Аl-Тawba 9:38, Куран Ако не појдете во борба Он ќе ве казни со болка и ќе ве замени со друг народ, а вие во ништо не ќе Му наштетите. Аллах е Кадар за се! - Сура Аl-Тawba 9:39, Куран Појдете во борба, било да сте слаби или јаки, и борете се на патот Аллахов и со имотите ваши и со животите ваши. Ете, тоа ви е подобро само да знаете! - Сура Аl-Тawba 9:41, Куран О верници, борете се против неверниците кои се околу вас, и нека при вас најдат тврдост. И знајте дека Аллах, навистина, е со богобојазливите! - Сура Аl-Тawba 9:123, Куран Борете се против нив, а Аллах ќе ги казни со рацете ваши, и ќе ги понизи, а вам ќе ви помогне против нив, и Он ќе ги излечи градите на народот вернички! - Сура Аl-Тawba 9:14, Куран Борете се против оние кои не веруваат во Аллах и во Денот Ахиретски и кои не го забрануваат она што го забранија Аллах и пејгамберот Негов, и кои не ја застапуваат вистинската вера на оние на кои им е дадена Книгата се додека не дадат џизија со рацете, потчинето! - Сура Аl-Тawba 9:29, Куран Оние би сакале вие да бидете неверници како што оние се неверници: да бидете еднакви. Па, нив не земајте ги за заштитници се додека не се иселат на Аллаховиот пат. А ако ги свртат плеќите- тогаш, пофаќајте ги и убивајте ги каде било да ги најдете. Од нив не земајте ни заштитник ни поддржник! - Сура Nissa 4:89, Куран Аллах, навистина, ги љуби оние кои се борат на Неговиот пат во редови како да се бедеми зацврстени! - Сура Es-Saff 61:4, Куран О верници, не напуштајте ги претпазливостите ваши, тргнете во мали дружини или тргнете во големи дружини... Па, нека се борат на Аллаховиот пат оние кои го продаваат овој свет за Ахирет (за Рајот). А на оној кој се бори на Аллаховиот пат, било да загине било да победи, Ние ќе му дадеме награда голема! - Сура En-Nissa 4:71,74, Куран Во срцата на оние кои не веруваат ќе фрлам страв. Па, удрете ги по вратовите и по прстите! Или друг превод: Ќе внесам терор во срцата на неверниците, исечете им ги главите и сите прсти - Сура 8:12, Куран О верници, плашете се од Аллах и барајте начин на кој ќе Му пристапите, и борете се на Неговиот пат за да бидете спасени! - Сура 5:35, Куран О Пејгамберу (Мухамед), бори се против неверниците и дволичните, и биди строг кон нив! Џенемот (Пеколот) е престојувалиште нивно. - Сура 9:73, Куран Сите верници не треба да одат во борба. Од секоја дружина меѓу нив, тогаш, нека се најдат неколкумина кои ќе го толкуваат законот на верата, и кои ќе го опоменуваат народот свој кога ќе им се вратат. - Сура 9:122, Куран
Православна христијанка. Родена во православно семејство. Крстена во православна црква. Децата ми се крстени исто како јас. Имам слава за која ми доаѓа поп да ми пее лепче. Ама колку повеќе ја читам Библијата, толку повеќе се одалечувам од мојата религија. За жал мојот ум ми вели да не припаѓам на ни една религија туку да го сакам и следам Бога, онака како што е напишано во Новиот Завет.