Глеј сакам да го кажам следново,прво не се разбирам мн.у такви работи ,а и нејќам да забегувам,второ,си имам пишано овде дека сум православна христијанка и верник во Бог,мн.сум побожна,трето си ја сакам мојата религија и си ја поштувам,исто така поштувам и тие што си ја сакаат својата религија,не ги делам луѓето по религија туку по карактер/душа.Е сега у врска со атеизмот,тоа во превод ти значи неверување дека Бог постои, а со самото тоа веројатно не поштуваат ниедна вера,незнам можеби на ова второво грешам,ама го зборам пошо имав една колешка ,она е католик,и се смета себеси за атеист,ја прашав зошто,одговорот беше,од кога Бог ми го зема татко ми не верувам дека постои Бог,и дека некад постоел,е сеа има и др,случаеви ама да не ширам тема.Btw што е твојата религија,не сконтав баш што пиша.
Риба (објаснувањето на википедија не е комплетно), на грчки ихтис, символ на Господ Иисус Христос, кој го користеле Христијаните во првите векови. Подоцна почнале да го користат и протестантите. Православната Црква и римокатолиците не користат повеќе симболи бидејќи тие се забранети на еден собор. И - Иисус Х - Христос Т - Теу (Божји) И - Иос (Син) С - Сотирос (Спасител) Што значи рибата е символ, акроним за Иисус Христос Божји Син - Спасител. Може. Познавам такви примери. Има луѓе кои редовно доаѓаат в црква, примаат дома свештеник, па дури и постат, но не веруваат во Бога. Ова е доказ дека твојата другарка верува во Бога, но само Му е лута и разочарана од Него... Ќе и` помине разочараноста и лутината и пак ќе се смири со Бога. Старозаветниот патријарх Јаков дури и се борел со Бога.
И јас познавав една жена (која сега е почината),откако ја изгуби ќерката не влезе во црква,и викаше дека за неа не постои Господ
Во комунизмот (45-90 год) имало многу луѓе кои ритуалите за големите верски празници ги извршувале бидејќи им било традиционално наметнато (куќна слава од родителите, Божиќ, Велигден кај дедовците и бабите кои биле родени и живееле во едно сосема различно време каде што било ``обавезно`` да си верник) . Тие живееле во време каде што официјално било забрането да си верник и да влегуваш во храм а од друга страна биле приморани од фамилијата да не се откажуваат од религијата.
Мајками е Римокатолик а таткоми Православен, од мал ми имаат кажано сам да си изберам, ама не избрав туку православието само ме привлекува повеќе незнам како да кажам, така да Православен Христијанин.
Во Скопје, црква Св.Јован незнам каде се наоѓаше точно, ми кажуваше таткоми во околината на Скопје, планирам да ја посетам некогаш.
Епа тогаш си православен. Нема што да се чувствуваш... Да ја посетиш, многу убава црква која моментално се реновира.
Одам и во католичка ама друго чувство имам кога ќе влезам во православна црква незнам зошто.. пред некое време престанав да одам во католичка бидејќи сум православец и не чувствувам потреба да вршам обреди во туѓ храм, не се лута од храм во храм така ми кажа еден свештеник. (во смисла на вршење обреди и слично). Планирам деновиве со таткоми да ја посетам, да видам каде сум покрстен. Инаку бидејќи се реновира може ли да се влезе ?
Би требало да може, не сум бил деновиве.... И во Полска имаш Православна Црква, п аи овде и таму можеш да си ги вршиш обредите во православен храм.
Јас потекнувам од семејство католици и така се декларирам, ама всушност имам своја форма на верување. Кога сум расположена да верувам