Неопределена, иако имам вера и припаѓам на Првославна, но ќе прифатам неопределена, ги почитувам сите вери, и не сакам комфликти со тоа.
Многу убаво од твоја страна, и јас ги почитувам сите ама факт е дека сите војни се водат само за да не погубат нас православните, на прво место русите.
Ви се верува ли дека во Полска има сеуште пагани, веруваат во повеќе богови, како Сварог, Перун и многу други во кои нашите предци верувале пред да бидеме христијани, се заинтересирав едно време, премногу ги има и многу е интересно, дури почнав да ги сонувам со некои светци и Богородица како се караат за мене, и во соба кај што ми е делот за молење со икони ми се сони да го ставам знакот на Сварог (коловрат) и го ставив и една статуа мала од него сум ставил и одтогаш не ги сонувам како се караат.
Оф топик (како и ти) : Дете, по милионити пат, темава се вика на која религија припаѓате... И се повеќе и повеќе мислам дека си трол, со два акаунти и тоа... Може дури и со три, али ај...
Многу луѓе сакаат да ја земат улогата на администратор,да управуваат и одлучуваат.Ах таа желба за власт.
Членува една година, собрала скоро 1000 допаѓања и демек која сум јас ајде ќе ги цитирам овие новиве да пробам будали да направам, а гледам и видовита е
Потекнувам од православно семејство и се декларирам како православна христијанка. Сега не сум некој голем верник,но не сум ни неверник. Ги почитувам и другите религии,но мојата никогаш не би ја сменила.
Јас не потпаѓам под религија. Но посебни религиски доктрини ми припаѓаат мене како алатка да создадам подобар свет и живот базинар на морал, хуманост и чистина во однос на физичкото тело и умот.
Православна христијанка. Што значи сум крстена како бебе. Но, никогаш не сум била побожна. Агностик сум. Ама се повеќе се приближувам до тоа да бидам целосен атеист.