Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

На која религија припаѓате?

Дискусија во 'Религија' започната од Angel-Adriana, 24 декември 2012.

?

Што сте по вероисповед?

  1. Муслиман

    127 глас(а)
    11,6%
  2. Друго (ќе појаснам во пост)

    90 глас(а)
    8,2%
  3. Православен христијанин

    865 глас(а)
    79,2%
  4. Римокатолик

    10 глас(а)
    0,9%
  1. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    2.050
    Допаѓања:
    3.915
    Пол:
    Женски
    Izvini ama kolku mi stana klise ova da go slusam "ateist sum ne gi delam lugeto,samo na dobri i losi" |(
    Pa dali ste videle nekoj musliman ova da go kaze bre!!! Svestete se.. izvini ako se navredi
     
    На ***nekoja***, Petra777, Rama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Matotheja

    Matotheja Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.208
    Допаѓања:
    9.354
    Пол:
    Женски
    За што да се свестам, мое лично верување или неверување е тоа.
     
    На CameliaMiller, Mrs.Styels, Feminka22 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.106
    Допаѓања:
    163.637
    Пол:
    Женски
    Да, сум видела и луѓе со потекло од муслимански семејства што не се (толку) религиозни. Што има врска тоа? И што има тука лошо и иритирачко, посебно во тоа делењето луѓе само на добри и лоши?

    Инаку се пронаоѓам скроз во она на @Matotheja :)
     
    На CameliaMiller, Justicija, Bender Rodriguez и 3 други им се допаѓа ова.
  4. zaguben

    zaguben Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2013
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    170
    Пол:
    Машки
    Православен Христијанин
     
    На Rama и carangigia им се допаѓа ова.
  5. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.323
    Допаѓања:
    29.020
    Пол:
    Женски
    Да го апдејтирам мојот последен одговор, не припаѓам на религија, атеист сум. Сум кажала повеќепати зошто, не само што немам доволно уверливи докази дека постои Бог, туку Бог нема место во мојот живот, не чувствувам потреба за морален водич, ниту пак имам потреба за утеха кога кога нешто нема да тргне онака како што сакам. Воедно не ми се допаѓа идејата сите дејства, и добри и лоши, да се припишуваат на еден ентитет.

    Патем, до сите што пишуваат тука, со мала буква се пишува православен, христијанин, католик, муслиман... :)
     
    На CameliaMiller, Arthur, Justicija и 9 други им се допаѓа ова.
  6. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.467
    Сатанизам! :devil:


    [​IMG]
     
    На Lolo5, CameliaMiller, Lianna Anna и 5 други им се допаѓа ова.
  7. carangigia

    carangigia Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2017
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    6.652
    Пол:
    Женски
    Православна Христијанка :l:
     
    На mode-kristina, Petra777 и Rama им се допаѓа ова.
  8. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.800
    Православна Христијанка
     
    На Petra777, Rama и carangigia им се допаѓа ова.
  9. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.048
    Пол:
    Женски
    Православна Христијанка. :):l:
     
    На carangigia и Rama им се допаѓа ова.
  10. Crnookata

    Crnookata Популарен член

    Се зачлени на:
    29 септември 2017
    Пораки:
    860
    Допаѓања:
    1.316
    Пол:
    Женски
    Православна Христијанка :l:
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  11. N.2106

    N.2106 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2017
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    19.135
    Пол:
    Женски
    Православна Христијанка.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.854
    Допаѓања:
    19.554
    Пол:
    Женски
    Јас верувам само во она што го гледам со свои очи , и доколку нештото е научно докажано !
    Атеист сум :)
     
    На Lolo5, CameliaMiller, Lianna Anna и 2 други им се допаѓа ова.
  13. LanaSGirl

    LanaSGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2016
    Пораки:
    373
    Допаѓања:
    1.118
    Пол:
    Женски
    Атеист, но почитувам некои од празниците христијански зашто куќата ми е полна со христијани.
     
    На Lolo5 и Matotheja им се допаѓа ова.
  14. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.323
    Допаѓања:
    29.020
    Пол:
    Женски
    Зороастранизмот, будизмот, таоизмот, хидуизмот и јудаизмот се далеку постари од христијанството, а да не зборуваме за политеистичките религии кои датираат од самите почетоци на човечката култура.
    Што ти зборува тоа за христијанството и зошто христијанството е највистинско, а останатите фикција?
    На која основа го заклучи тоа? Сигурно не по старост, бидејќи се гледа дека староста не ви е некој влијателен фактор. :)

    Зошто Бог е вистински, а Зевс приказна? Зошто Адам и Ева ги земате здраво за готово, а Орфеј и Евридика се само ликови од митологијата? Зошто верувате дека Луцифер постои, а не Хад? Зошто не си ја прогласите Гилгамеш или Илијадата за света книга кога не се нешто далеку помалку објективни од Библијата, а и постари се нели?

    Одговорот е очигледен. Да бевме од Турција ќе велеше дека Алах е единствен Бог, а да бевме од Индија сигурна сум дека немаше да одиш по едната единствена најточна религија православно христијанство, туку на Ганеша ќе се молеше.

    Прогресот ќе заостанува сè додека се сфаќаат сериозно митови стари две илјади и кусур години. Не е лошо да го погледнете христијанството со скептицизмот со кој ги гледате другите религии. :)
     
    На Lolo5, CameliaMiller, Gosh и 8 други им се допаѓа ова.
  15. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    55.076
    Пол:
    Женски
    @Lella Никогаш нема да гледам на христијанството со скептицизам.
    Имам милион пати пишано тука,никој не ми наметнал вера и религија(моите ич не се побожни)јас од мали нозе почнав да одам во Црква,да се молам,да постам,да истражувам.
    Ете сум имала среќа во наводници,да се родам во Македонија,и во семејство кое само по традиција е православно(па така,за среќа се исклучува можноста,што би било,кад би била Индија или Турција) :D
    Но,јас лично сама избрав,избрав од срце и душа да верувам само и само во тоа православно христијанство.
    За мене нема друг Бог освен Исус.
    За мене нема поголема радост кога одам во Црква и му се молам него и на сите светци кои допринесле за мојата вера и религија.
    За мене нема поголем чин од тоа што самиот Исус го даде сопствениот живот на крст,за да ги преземе врз себе гревовите од сите нас.
    Ама оној кој не верува,не може да ги свати овие убавини,и така ние во вашите очи изгледаме чудни,заостанати и слично.

    Во митологија и паганства,ионака не верувам,многу,многу....
    Го знам постоењето на Зевс и на други антички Богови и божества,ама кој сака слободно нека си ги прифаќа нив,или уште постарите Хинду богови и сличните на нив....
     
    На cresa-jagoda, filip4, Feminka22 и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.323
    Допаѓања:
    29.020
    Пол:
    Женски
    Па те прашувам зошто? Зошто баш христијанството не го гледаш со скептицизам иако еве нели, имплицираш дека до православие си дошла со истражување на религиите бидејќи твоите не ти наметнале ништо?

    Исто и останатите филозофии надолу, сигурна сум дека и муслиман и будист и хиндуист ќе ми дадат слични срцепарателни причини, ама зошто баш Исус ти е единствен Бог, зошто таа радост ја чувствуваш само во црква?

    Ако не знаеш кажи не знам, не вели бидејќи е вистинската вера, бидејки на хиндуистот сосема поинаква вистинска вера му се појавила.
    Интересно е како од толку разновидни религии, ~вистинската~ по некоја случајност е најраспространета во Источна Европа, каде што си ти, а исто така и во Јужна Азија, каде што е хиндуистот. :D

    Патем, аргументот немаш вера, не разбираш сум кажала неколкупати дека не ви чини, бидејќи наместо да ме убедите дека не сте delusional, само уште повеќе потврдувате дека немате валидни аргументи.

    Јас христијанството не можам да го разберам, на ист начин на кој ти не го разбираш хиндуизмот, кој е пак ист со начинот на кој јас не го разбирам хиндуизмот. Што значи, ако ти го гледаше христијанството објективно и ти немаше да го разбереш, исто како мене.
    Кога зборувам за неразбирање, всушност подразбирам сфаќање дека нема смисла.

    Сè што им е потребно на верниците да ја негираат и својата религија како сите други, е да погледнат низ призмата низ која тие ги гледаат другите, и другите ги гледаат нив, и секако, призмата низ која атеистите ги гледаат сите. :D

    Не знам колку успеваш да ме сфатиш, ама пробувам да ти кажам дека колку што си ти убедена во Исус, толку и хиндуистот е убеден во Ганеша. Некој од вас со сигурност греши, а не сте само двајца. Илјадници религиски идеологии постојат и сите се убедени дека сите други грешат освен тие самите.

    Јас би рекла дека сите се во право. Твојот скептицизам кон хиндуизмот го демантира целосно хиндуизмот, а скептицизмот на хиндуистот целосно те демантира тебе, т.е. православното христијанство.
    Така се поништуваат сите религии и останува фактот дека никоја од нив не е право.

    И ова не е воопшто некоја тешка филозофија за варење, туку обичен логичен заклучок, значително полесен да се сфати отколку, да речеме, континуираната игнорантност на семоќно типче на небесата. :)

    Едит:
    Не веруваш многу многу во митови, освен оние за ѓаволски змии, ребра, јаболка, зборувачки смокви, Ноеви арки итн. :)
     
    На CameliaMiller, Mrs.Styels, Gosh и 6 други им се допаѓа ова.
  17. Belgin1

    Belgin1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2017
    Пораки:
    850
    Допаѓања:
    8.360
    Пол:
    Женски
    Ниту една, атеист сум јас.
     
  18. Luciferovog zlo♧

    Luciferovog zlo♧ Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2017
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    5.497
    Пол:
    Женски
    Римокатолик
     
  19. Olgica.bu

    Olgica.bu Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    261
    Што си се заκачила за пρавославните хρистијани ,да не ти пρечиме. Од самото постоење на хρистијанатвото , хρистијаните се изложени на пρогон па и денес слушнав во Палестина убиле хρистијани. Не знам што саκаш да се убедиш за Господ Хρистос можеби тρеба да доживееш нешто за да повеρуваш, Тој е жив бог. Од индисκите сеρии и што сум читала за будизмот, хиндуизмот има нешто ама ги почитувам дρугите ρелигии ама саκам и мене да ми ја почитуваат мојата. Јас сум пρавославна хρистијанκа, а да се биде хρистијанин тρеба тоа да се доживее,а не само со читање.
     
    На Feminka22, carangigia, Rama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.521
    Допаѓања:
    19.969
    Пол:
    Женски
    Прво имав слепа верба во бог. Па пораснав и станав агностик. Сега сум атеист.
     
    На CameliaMiller, theowndemon, Gosh и 5 други им се допаѓа ова.