Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

На која религија припаѓате?

Дискусија во 'Религија' започната од Angel-Adriana, 24 декември 2012.

?

Што сте по вероисповед?

  1. Муслиман

    127 глас(а)
    11,6%
  2. Друго (ќе појаснам во пост)

    90 глас(а)
    8,2%
  3. Православен христијанин

    865 глас(а)
    79,2%
  4. Римокатолик

    10 глас(а)
    0,9%
  1. "Zoki"

    "Zoki" Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2016
    Пораки:
    1.032
    Допаѓања:
    9.127
    Пол:
    Машки
    Православен христијанин.:inlove:
    Ја сакам мојата вера,но ја почитувам и секоја друга различна од мојата.
    И затоа и мојата сакам да ја почитуваат.
     
    На Magik, Oscar Lady, Olgica.bu и 7 други им се допаѓа ова.
  2. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Католик по традиција, неверник во срце :l:
     
    На CameliaMiller, Црна Ружа, Sar-Ste и 3 други им се допаѓа ова.
  3. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.012
    Допаѓања:
    51.883
    Пол:
    Женски
    Никоја.
     
    На CameliaMiller и Matotheja им се допаѓа ова.
  4. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.709
    Допаѓања:
    10.174
    Пол:
    Машки
    Се родив како агностик, израснав како атеист, но кога почнав да навлегувам подлабоко во природните науки поверував во Бог. Потоа бев поттикнат да ја истражувам историјата на христијанството и Библијата и станав христијанин-протестант.
     
    На Vitaly му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Stephen Amell

    Stephen Amell Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јуни 2017
    Пораки:
    2.338
    Допаѓања:
    26.477
    Православна христијанка.:l:
     
    На Olgica.bu, Sar-Ste и Rama им се допаѓа ова.
  6. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Зошто јас да бидам како другите кога другите може да бидат како мене? :)
     
    На Rama, Feminka22 и Petra777 им се допаѓа ова.
  7. QueenP

    QueenP Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2016
    Пораки:
    706
    Допаѓања:
    5.230
    Пол:
    Женски
    Jass sum pravoslavna hristijanka a mm e katolik.
     
  8. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    55.085
    Пол:
    Женски
    Ама до каде ја дотера работава сега,па и ти|( патем пасусот што си ми го цитирала не беше од оваа тема,но ајде ќе помине на дневен ред :D не филозофирам ич јас тука(не знам како изгледа од страна)но ако велам дека чувствувам мир и љубов кога сум во Црква,и дека Исус го сметам за вистински Бог(ете онака духовно се водам по тоа,од душа ми извира верба,која за вас атеистите е "слепа верба" но нека),не ти дава за право тоа да се вадиш на форите од типот како не ни чинело контра-нападот како вие неверниците не може да не разберете.
    Си кажав свој став,си кажа и ти,но нема потреба до толку да ме убедуваш да гледам скептично,оти како што гледаш јас никогаш ни тебе ни било кој член,сум ве убедувале да верувате во моето,независно од тоа што сум со чувство дека "она моето" е вистинското.

    Е сега,ме фати во тесно со ѓаоливе,змииве и јаболкава-ете во нив баш верувам,оти се опишани во книгата т.е Библијата,која е веродостојна за мене и тоа како.

    Те сваќам се,ама како да те убедам ни јас,не знам,оти немам потреба да гледам со поинакви очи,или во наводници објективно кон христијанството.

    Едит:
    Наречи ме како сакаш,ама никогаш,баш никогаш нема да дозволам да ми се изгуби овој внатрешен мир,што ми го дава фактот оти јас сум верник во нешто возвишено,колку и да звучи срцепарателно од страна.

    Нај краен заклучок би бил:Ајде сите да станеме атеисти и да го игнорираме тоа "типчето" од горе:wasntme:
     
    Последна измена: 18 декември 2017
    На christinnn, CoCoGiiiRL, Sar-Ste и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.087
    Пол:
    Женски
    @Rama Не те убедувам да станеш атеист, туку пробувам да те натерам да дадеш објаснување за своите верувања, што е сосема очекувано на форум. Ако ти мене ме прашаш за моите верувања јас со задоволство би ти објаснила. А не знам зошто генерално верниците не сакаат да се потрудат да објаснат, особено овде на форумов и секое цитирање го сфаќаат како напад.

    Ти упорно не ме разбираш што те прашувам. Јас те прашувам зошто баш христијанството (т.е. православието) си го избрала, односно зошто баш него не го гледаш со скептицизам, а ти ми велиш јас немам потреба да го гледам со скептицизам.
    Океј...? Зошто? Кој е факторот кој ти влијае врз избирањето на христијанството? Сигурно не е бидејќи е вистинска религија, зашто и хиндуистот тоа ќе ми го каже, а не се двете вистински сигурно. :)

    Но ако не знаеш да одговориш, ти реков, кажи не знам. Јас знам, сепак, ме интересираше твојот одговор.

    Краен заклучок би бил: ајде сите да се обидеме за промена да размислуваме рационално и трезвено, па ќе видиме каде ќе не донесе тоа.
     
    На CameliaMiller, Baby-bubu, +++ и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.361
    Пол:
    Женски
    А зошто да не ги избере?Ете ти си избрала да си атеист, некој друг е католик или муслиман.На крај краева сите сме луѓе|(
     
    На joy1, Magik, girl-miri и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.087
    Пол:
    Женски
    Не реков да не избере. Реков да објасни зошто избрала. Веројатно ако навистина ја избрала, а не ја наследила, нема да и' биде проблем тоа.
     
    На CameliaMiller и EvAngelos им се допаѓа ова.
  12. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    55.085
    Пол:
    Женски
    Па ти кажав...страници имам испишано за моите духовни потреби и чувства(а ти тоа го протолкува како срцепарателна ствар).
    Океј,значи вака:по стоти пат нагласувам дека потекнувам од семејство(православни верници-само по традиција де).
    За разлика од нив,кај мене од мала се пројави желба за молитви,за постење,за читање библија,за одење во Црква,за каање,за исповед и слично.
    Тоа што "тврдам" дека моето е она вистинското,не ме прави поголема во ништо,едноставно тоа е мое мислење и моја лична потреба.
    Одкако знам за себе,импресионирана сум од православието и Исус.
    Така да,колку сакаш прави,да изгледам ко необјективна или немам доволно аргументи,ако ти е така полесно,океј,мене ми е вака полесно.
    И не е навреда,но за да ми ја разбереш поентата треба да си верувала барем еднаш,да си имала трошка љубов и вера кон религијата.

    Тука завршувам,иако е форум и фино си дискутираме,но не планирам да се напрегам денес,бидејќи ми е куќна слава Свети Никола,душата сакам да ми остане позитивна.
    Поздрав :)
     
    На christinnn, Magik, LiliBoz и 7 други им се допаѓа ова.
  13. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.589
    Пол:
    Женски
    Религијата иде во наследство т.с. со самото раѓање ти ја запечатуваат без да бидеш прашана..директ во црква, ќе те пробањкаат и веке се христијанка:)
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    55.085
    Пол:
    Женски
    И само што ќе те избањкаат,одма си верник а?
    Не бе,не е само капењето во Црква :D
    Потребно е многу повеќе бабе.
    Не секој продолжува по "наметнатата и наследена"религија,многумина се откажуваат,а многумина ја продлабочуваат се повеќе и повеќе.
    Право на избор или така нешто беше,а?:P
    Е сега,некој е со вистината другар,некој со заблудата и така сите среќни и задоволни:hai:
     
    На baba Rada и Feminka22 им се допаѓа ова.
  15. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.709
    Допаѓања:
    10.174
    Пол:
    Машки
    Го болдирав оној дел каде што сметам дека даваш аргументи на прашањето „зошто баш православието“. Според субјективноста на аргументиве, сметам дека кога би се родила во Саудиска Арабија, Иран или Индонезија, би го пишала следново ама на арапски јазик на некој арапски форум:
    „Поттекнувам од семејство (муслимански верници - само по традиција) Кај мене од мала се пројави желба за молитва, за намаз, за Рамазански пост, за читање Куран, за одење во Џамија, за каење, за аџилак и сл. Импресионирана сум од Исламот и Мухамед“ :)

    Прости ми ако грешам, ама ова е мое мислење, бидејќи сум слушнал и читал муслимани како слично одговараат.
     
    На CameliaMiller и Lella им се допаѓа ова.
  16. Olgica.bu

    Olgica.bu Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    261
    Не ја ρазбиρам оваа тема, навистина. Што саκате да доκажете не знам. Пρавославно хρистијанство и толκу. Потеκнувам од ρодители пρавославни, но ниκогаш не биле ρелигиозни. Јас сама κога наполнав 21 година станав ρелигиозна и го одбρав пρавославието. Има многу нејаснотии, но веρувам во Господ Хρистос без да се пρашувам многу. Κаκо κажува Господ аκо не бидете κаκо децата нема да влезете во цаρството небесно. Веρојатно Господ не одбρал.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  17. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.709
    Допаѓања:
    10.174
    Пол:
    Машки
    Точно така, предлагам модераторите да ги едитираат сите постови на темава и да ги сменат во „православен христијанин“ и толку. Што е тоа некој ваков бил, таков бил, шаренило непотребно.

    За да одбереш нешто, треба да имаш избор. Не можеш да влезеш во слаткарница што продава само еклери и да речеш одбрав еклер така? :) Така што моето прашање до тебе е дали ги истражи и другите деноминации, вери и религии пред да го одбереш тоа што си го обрала или и ти можеби си одбрала тоа што ти било сервирано од околината во која живееш?
    Доколку е второто, дали ти доколку беше родена во Саудиска Арабија можеби на некој арапски форум на арапски ќе пишеше „Го одбрав исламот! Ислам и толку!“?
     
    На CameliaMiller и Lella им се допаѓа ова.
  18. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    55.085
    Пол:
    Женски
    Нема што да ти простам јас,Бог само простува :D
    Се чудев како тоа досега да не се приклучиш и ти кон толпата-но ете сега си тука.
    И одиме оф топик до бескрај,а се почна тука со цитиран мој пасус од друга тема замисли :D
    Е сега,види вака.
    Ми се смачи од верглање едно те исто,упорно ако се родеше Саудиска Арабија ќе велеше вака така.
    (Може ќе велев Алаху Акбер?).
    А?!:rofl::rofl::rofl:
    Ај и јас да те прашам,да не му текнеше на Мартин Лутер,да си вади тези и параболи и да ги закачува јавно,да ги гледа рајата за да се "просветлува",во случај да не постоеше светиов "реформатор"- ти што ќе тврдеше дека е вистина,како ќе се декларираше? Ко муслиман или православен,оти нели тие се нај застапени:D уствари не,не се само тие,тука е католицизмот,но она што упорно боде очи е православието,па после исламот:wasntme:
    И за крај,аман,аман значи,како да ве убедиме дека ништо не ни е наметнато,не се стекнува верата само со тоа што ко бебе те искапил попот,треба многу повеќе.
    Океј,признавам дека има и такви кои сами се одрекле од верата и религијата од икс причини,но повеќето(во кои спаѓам и јас)сме неуморни следбеници и вљубеници во нашата вера.
    Ама кој не осетил не знае.
    Ме прашуваш оти баш православието?
    Оти него лично го создаде Исус,самиот тој бил крстен на начин на кој ние го примаме денес светото крштение,самиот Исус му рекол на Апостолите да ги крштеваат народите во негово име.
    Апостолите се воздигнаа со слава на небото и многу бројни чуда на земјата,па ги оставија за свои наследници денешните канонизирани Светци,кои до ден денешен прават разни чуда.
    Не си бил на православна литургија,па да го осетиш внатрешниот мир и спокој...
    Неслучајно најголемите чуда се случуваат токму во православието-ама,заборавив,тоа за вас не се релевантни чуда,ама за мене се,оти ги осеќам со внатрешната потреба и поттик од тоа ;)
    Е сега,рака на срце,може ве бунат "малку алчните попови" и оп цела искривена слика се добива за православието,но алчни попови има во секоја деноминација,не сум никоја да ги судам јас,така да..
    Знаеме дека сите,буквално сите светци ги верифицирала самата православна црква,па ете денес е Свети Никола чудотворец,и по некоја случајност,замисли векови наназад во 12 на полноќ,на овој ден,сите бродови во буквално сите океани,мориња и езера,престануваат со пловидба одредено време.
    А замисли дека во повеќето од тие бродови има и муслимани,будисти,и од ред други божества,е што велиш по твое од каде потребата тие да му оддадат почит на овој светец8)

    Абе,не сум само јас на форумов и темава,што се фативте за мене и ти и @Lella.
    Колку што гледам сите се изјасниле кратко со:Да верувам,или не верувам и не припаѓам на никоја религија:hai:
    Ајт,чил малку:P
     
    На Stephen Amell, faye, carangigia и 2 други им се допаѓа ова.
  19. CoCoGiiiRL

    CoCoGiiiRL Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    701
    Допаѓања:
    3.193
    Пол:
    Женски
    Муслиманка
     
    На valton, girl-miri и Rama им се допаѓа ова.
  20. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.938
    Допаѓања:
    123.515
    @Lella ама се запна! Зошто та зошто. Оти така сака. Така мисли, така чувствува. На форум ли ќе се правда. Ти си избрала да бидеш атеист, она избрала друго. Пиша девојчето и зошто оти се запна. Нема тука никаква филозофија.
     
    На joy1, mode-kristina, Feminka22 и 2 други им се допаѓа ова.