Не го сфатив сериозно прашањето, затоа не ти одговорив. Еве сега ќе ти одговорам: Не застануваат бродовите во светот на празникот на Св. Никола. Тоа е лага што ти ја кажал попот. Можеби застанува некој суеверен православен морнар од страв да не го снајде нешто лошо, ама далеку од тоа дека сите бродови застануваат. Да де Исус им вели да крштеваат во името на Отецот и Синот и Светиот Дух (тоа го прават и католиците и протестантите), ама не им вели одете и изработувајте икони, поклонувајте им се, молете им се, славете ја мајка ми со титули поголеми и од оние на Бог, осветувајте води, фрлајте се по крстови, раздавајте храна по гробишта итн. Значи Исус оформува Христијанска Црква, а не православие. Абе ти можеш да прифаќаш и дека православието постои уште од создавањето на светот, дека Александар Македонски бил православен (како што многу православци веруваат) итн. ама тоа нема допирни точки со историската вистина. За чудо знам И знам дека сите луѓе што му доаѓале на Јован Крстител исто така биле возрасни луѓе. И знам дека и сите останати што биле крстени биле крстени возрасни. Во Библијата има 20тина примери на крстени луѓе и сите биле возрасни. Ти рече дека Исус бил крстен како што православните крштеваат денес. Но православните крштеваат бебиња. Значи не ќе да е баш исто. Речиси сите цркви од сите деноминации тврдат за себе дека го имаат заедништвото со Бог Отецот, Синот и Светиот Дух. Никео-Цариградскиот символ на верата го веруваат подеднакво и католиците и протестантите и православните. Веќе ти одговорив: И да не постоел Лутер, јас пак ќе си верував во изворното библиско христијанство - проповедано од Исус и апостолите и запишано во Библијата. Библијата постоела и пред и после Лутер, и пред и после Јан Хус, Жан Калвин, Улрих Цвингли, Џон Виклиф, Јан Амос Коменски итн. Тогаш зошто не ја верувате? Зошто одбирате да верувате повеќе на човечките преданија од подоцнежните ткн. „свети отци“? Еве на пример Исус, а и целата Библијата вели да му се поклонуваме само на Бог. Петар дури и директно го укорил Корнелиј затоа што овој му се поклонил со зборовите: „Стани! И јас сум само човек!” (Дела 10:26, Библијата) А ти одбираш да му веруваш на ткн. „свет отец“ Јован Дамаскин кој вели дека ако не се поклонуваш на икони, ти си непријател Божји!
Многу ми ги извртуваш зборовите,кога реков дека Исус бил крстен на начин на кој се крштеваме ние денес,тоа не значи оти јас не знаев дека Исус е крстен на 30 години,туку ми значеше тоа во смисла крштение со потопување со вода и слегување на Светиот Дух,ете на истиот начин ние се крштеваме денес,само разликата е што тоа го правиме(ни го прават ко бебиња)а тоа само по себе има големо значење. Значи,во православието општо прифатено е дека човек т.е бебе се раѓа со наследените гревови од своите пра-мајка и пра-татко Адам и Ева,ете затоа се крштеваат мали бебиња,се соединуваат со Светиот Дух,им се тргаат гревовите,и од тука натаму тие се облечени во ново руво(она чистото и исконското)се до моментот кога ќе пораснат и ќе се соочат со злобниот свет,па ќе потклекнат пак кон гревот(но тоа е една борба,оној кој сака може да се врати назад на вистинскиот пат преку пост,преку исповед,преку литургии) џабе ти објаснувам кога не ме сфаќаш разумно и со срце. Барем еднаш да си присуствувал на крштевка ќе знаеше каков чин е тоа,какви одрекувања прави кумот во име на детето,каква енергија се осеќа...какви убави песни словенски се пеат,абе рај,милина е Тоа за бродовите,биди сигурен дека не ми кажал никој поп,туку сум слушала од стари луѓе,а и на вести известуваат дури Абе човек,библијата ни е света и тоа како,но сепак ете многу работи се додадени од после,што не значи дека се грешни,аман! Запрашај се што се случило со Содома и Гомора,Помпеја,Вавилон? И разни други примери од стар завет... А кај нас какви се Божји чуда се случуваат,зарем ако му сметаа на Господ нашите додавки ко пример:икони,светци,фрлање на крст и осветување вода и слично,немаше да не "збриши" и нас,а види не опстојуваме 2000 години
И кaкво фајде од вашето православие, откако рајата на територијава е православна, бел ден не виделе. Единствено комунизмот-атеизмот им пружи нешто поинакво, малку подобро од било што кое го живееле дотогаш.
Колку што знам и муслиманите не се збришени, и будистите, и атеистите, и хиндуистите, и харе кришна (кои се исто така политеисти), и педофилите и силувачите и оние кои ставаат отров за кучињата и оние кои ги силуваат своите ќерки, и лихварите, и дилерите на дрога... никој од овие не се збришени од Земјава. Дали тоа значи дека Бог сите овие ги одобрува и не му смета ништо од тоа што го веруваат и прават? И како може да опстојувате 2000 години кога православието се развива некаде 7-8 век, а како засебна институција е после 1054 година. Од 1054 година ако додадеш 2000 години, ќе испадне дека сега сме 3054 година според твојот календар
Се од погоре наведеното му смета и не одобрува,само ние не му сметаме замисли,еј Не се прави на три и пол сега,и прееска ти кажав,за мене не постои голема,шизма,расколи,разделби и збогувања со католиците. Едноставно си е,православието постои уште од прв век бре,има и докази за тоа,има и од втор,трет век разни прогонувања на православните,па изградба на први базилики и што не. Јас живеам во 2017,тебе ако ти се живее во 3054,слободно мисли си дека таму живееш
Тоа пошто си бегала од часовите по историја, затоа не постои. Но има дури и деца што бегале од тие часови, а сепак знаат дека постоела шизма, расколи, разделби, поделби и збогувања со католиците. Овие работи и на крстозбор се паѓаат бидејќи се општа култура. За некои не постојат ни ѕвезди, ни соларен систем, ни сферична планета, туку си веруваат во рамна земја заобиколена со 60-метарски мраз за да не се устуреле океаните. Ама тоа не значи дека тоа е вистина Е ајде де, наведи еден од тие „докази“. Еве Новозаветните книги се пишувани во прв век и тие ја опишуваат и црквата во првиот век. Покажи ми каде Христос или апостолите осветувале вода? Покажи ми каде Христос или апостолите се молеле на покојни верници? Покажи ми каде Христос или апостолите се молеле на Мојсеј, Авраам, Исак, Јаков, Ное, Лот, Илија, Еремија, Исаија, Јован Крстител итн? Покажи ми каде Христос или апостолите користеле икона од некој од горенаведениве? Покажи ми каде Христос или апостолите се поклонувале на лешевите од верниците (мошти)? Покажи ми каде Христос или апостолите принесувале свеќи за живи, за мртви, за здравје и сл? Покажи ми каде Христос или апостолите и се молеле на Марија? Каде ја нарекле Најголема, Пресвета, Преблагословена, Владичица, Спасителка? Покажи ми каде апостолите дозволиле да им се поклонуваат? (А од друга страна има јасен цитат каде што апостол Петар одбиваат поклонување (Дела 10:25, Библијата) Покажи ми каде на апостолите им бацувале раце? Покажи ми каде апостолите носеле свештенички одора, великодостојнички мантии и огромни златни крстови на нив? И не само од Библијата, туку еве земи ја цела ранохристијанската историја не само од први век, туку и од втори и трети век. Ајде да видиме барем ронка од тоа наводно „православие кое постоело во први век“
Добро може да оставите кој во што сака да верува без да ви полага сметки?Секој го има тоа право. Вие верувајте во што сакате, на виљушка клањајте се ако сакате ама на други не се мешајте. *Агоностик што е На мајтап ти е прашањево?Ако е на шала ноу комент..а ако не е јас ќе ти одговорам. Верувам во Господ пошто така сакам цела фамилија сме крштевани имаме имендени слави, крстена сум по светица. И мене никој не може да ми суди да тоа, сакаш да си атеист?Океј биди си сепак си човек ама не барај образложение. Што лошо може да ти направи верувањето во Бог?Со купувањето и палењето свеќи да не ќе се запалам?Ако ја бакнам иконата да не ќе ми се пресуши устата? Или на муслиманите да не ќе им се истрошат алиштата при клањање или марамите на жените?Нема тоа е една духовна вредност.Вие во што треба не верувате а верувате во тоа што не треба.
Ти виде прашалник некаде? Мене ми е јасно однапред како гледате на работите и кои се можните „одговори“ кои ќе ги дадете. Го познавам менталниот склоп на верниците, немам потреба да барам образложение за озбилно. Се ви е сведено на така сакам, така чувствувам. Сум пишувала на други теми, светската историја и општествените текови покажаа дека колку помалку човекот се замара со религијата, толку повеќе се подобруваат условите за живот, и обратно. Вера во бог, религија, е вложување енергија во непрактични нешта кои не вродуваат плод. Тоа се лаги и самоизмами, губење време. Особено православието толку го насочува човекот да биде пасивен... Ама сепак е до народот, луѓето се придржуваат до такви правила, и бранат такви „вредности“ кои им одговараат на менталитетот. Не велам дека е религијата 100% лоша работа. Ретко, обично во некои други средини, далеку од овие простори, религија во некоја мера влијае позитивно кон нечие воспитание. Само што, пак е поразителна помислата дека за некои луѓе да го постигнат тоа, им е потребна верба во бог. Можеби не им е, и без неа би биле добри луѓе, ама не се свесни.
Да не се лажеме, ама ова е далеку од 100% точно, а стари луѓе, вести на локалниве телевизии и Википедија-статии на македонски за Св. Никола не се баш (ич) веродостојни извори на информации. Јас те охрабрувам да побараш на Гугл статија на англиски за ова - или снимка од вести на BBC за тоа како бродовите стојат у место за Св. Никола, на пример - и те уверувам дека такво нешто нема да најдеш. Или ако имаш другар или другарка која работи на брод, прашај ги дали крузерот застанува на полноќ у чест на Св. Никола или не. Ако размислиш малку за ова, ќе сфатш колку е бесмислена и неостварлива целава приказна.
Добро што ме потсети,имам другар кој работеше на брод,ќе го прашам дали застанувале или не Но,сепак и дедо ми кој пред 60 години одел со брод до Австралија,нели неколку месеци траеше таквото патување,и тој ми има кажувано за ова
Спојлер Дечки бе... Никој не ве напаѓа или убедува, никој не ви го оспорува изборот дека сте православни. Пристапот што го изнесувате овде ви се критикува Добро, баш ме интересира - кога би се нашле во мултикултурна земја (Америка на пример), да сте опкружени (во школо, работа, друштво) со исто толку чувствителни како вас верници од други религии (муслимани, евреи, будисти...) и да седнете да зборнете со нив на тема религија, што би се десило? Очи би си извадиле која религија е единствена правилна, а сите други секти, фикција и сл!? Апсолутно сигурна сум дека да беше во прашање на пример некој муслиман посветен на исламот колку вие на православието, и да рече „Ислам и готово, сè друго е фикција!“, Лела потполно исто би го „напнувала“ Сите религии се подеднакво мистични и недокажани на опиплив начин. Во ред е да сте и пристрасни кон својата вера како верници, во срцето да ви е најчиста и единствена, ама гласно и јавно вакви изјави дека само вашата вера е вистинска - не е во ред. ...Како што не е во ред ниту низ мислења на нас скептиците и нерелигиозните да прелетувате без внимание и обид правилно да ги разберете, само колку на крај да превртите очи и да заклучите дека немаме поим од религија. Да, има многу луѓе што не се верници, а се запознаени со религијата - и да, повеќето од нив верувале и ја почувствувале барем во пораниот период од животот. Мислам дека тука сигурно речиси никој уште како дете не бил атеист Лично за себе имам објаснето по нешто низ темиве. Јас не само што сум крстена како бебе, туку сум и родена на голем христијански празник. Затоа, иако не сум од инаку многу религиозно семејство, посебно поради тоа ми било пренесено како дете тоа верување кон виша сила која штити и која треба да се почитува. И долго време наоѓав мир и имав стравопочит во однос на религијата. Во училиште кога се почнува да се учат и двете теории за настанок на светот и други прашања наука vs. религија, по самостојно размислување и логика поверодостојни ми изгледале отсекогаш научните објаснувања. Во адолесценцијата, кога е прикладна возраст за почеток на љубопитност кај една млада личност и размислување на разни контроверзни теми, исто така со свој ум сфатив дека во многу појави кои според религијата широко се сметаат за грев (мешани бракови, право на абортус, хомосексуалност) - јас не гледам ништо погрешно. Потоа, кога уште повеќе ги пробуричкав виугите и филозофски си споредив сопствени ставови со религиските, повторно најдов голема разлика. Казни, лекции преку страдање, наоѓање смисла на страдањето, откажување од задоволства... мојата емпатична и емотивно бунтовна природа со тоа не може да се согласи и всушност никогаш не сум се согласувала. Доживеав голем трагичен настан и загуба, после што претходно спомнативе мисли уште повеќе ми се продлабочија, а и не најдов мир и помош во религијата. Сега не би било правилно да се опишам како верник со тоа што навистина го имам во разумот и чувствата. Агностик сум, и тоа повеќе наклонета кон атеистичкиот поглед на светот. И како што јас немам право верници да етикетирам како заостанати само поради тоа што се верници, така ни мене никој нема право да ми вели дека следам некаква мода, дека „треба да се освестам“ оти на пример „муслиманите сите се држат сплотени и меѓу нив никој не се занесува да се оддалечи од верата“ како што се дрзна една членка во минатите страници да каже некому. Тоа е мој избор и развој, со кој ниту се чукам во гради, но ниту пак се срамам.
Pravoslaven hristijanin Ja sakam i pochituvam samo mojata vera,nikoja druga. Na pogore spomenatite raboti od @Rama za sv nikola e potvrdam i jas i sum slushnal za toa so brodovite. Drugo ce kazham za sv nikola koe bash pred nekolku dena mi kazhuvashe moja koleshka od rabota koja e pred penzija ( postara zhena) i koja e pripadnik na muslimanska vera. Toa se sluchilo na nejzin pra pra dedo a poteknuva od debar. begajchi od nekoi si tamu nekoi nasilnici zimno vreme vo sneg preku kolenici na den 19 dekemvri chovekot slegol do techenie na radika,diva reka koj ja vidol znae,skoknesh vo nea i se davish. Chovekot nemal izlez kade,pa rekol podobro da se udavam odkolku da me fatat. Samo shto skoknal vo voda mu se otvorilo vozdushen prostor a prad nego zastanal chovek so bela brada,mu kazhal ostani ovdeka stopli se i da znaesh,denes e moj den jas sum sv nikola i jas te spasiv. I mu kazhal,slavi go deneshniov den. I den denes od pred 3-4 kolena nanazad vo taa kujca od kade poteknuva mojava koleshka muslimanka 19 dekemvri go slavat vo chest na sv nikola shto go spasil toj chovek da go prodolzhi rodot negov. Bez navreda,ama mn znaat shto se pravelo da se istrebi nashata vera i kako im se nametnuvalo na sila druga vera. Ima i dosta drugi znaci slichni na ovaa sluchka,koja me pravi se povekje i povekje da ja sakam i pochituvam mojata vera,znaci koi kazhuva deka e vistinskata "zboram za mene vistinskata".
За ова за бродовите, св. Никола се смета за патрон на бродовите и на морнарите, така да сосема е можно бродовите порано да се закотвувале за да се молат на светецот, а некои и се уште да ја практикуваат традицијата.
Не се важи. Сеа ќе треба да се интервјуира човекот, да се закачи линк тука за да е веродостојно за некои тука.
Сигурна сум дека и ти ќе го интервјуираше човеков ако на колешката негова на прапрадедото му се појавеше Мухамед наместо Св.Никола, па и ти си исто толкав скептик како мене, само не за твојата религија. Моја теорија е дека дедичот или бил надуван од некои планински тревки или халуцинирал од хипотермијa нешто како девојчето со кибритчиња. Но најверојатно е дека прапрабабата го кажала ова на прадедото, а тој на дедото, а тој на таткото, а тој на колешката. Pics or didn't happen.
Свашта. Нема да ти пружам задоволство и да ти раскажувам лични работи за да те уверам. Ова со травава ако сакаше нешто вицкаста да испаднеш, не ти успеа.