Грешка си душо, таа легенда се однесува за летниот св.Никола, на 20 мај...ете тогаш бродовите застануваат. Прогуглајте за него и ќе ви стане јасно, мене ме фатила некоја мрза.
za zhal ne se makedonski narodni prikazni,tuku vistinski deshavki,pak ce kazham nevernicite nikogash nema da go prifatat toa,ama nivno si e toa. jas sum od struga,chovekot koj se vratil e isto od struga,a zhenata koja pochina koga se vrati toj mi beshe komshivka,3 kujci ne delat. znaci ne e ni halucinacija nitu son a kamoli samo klinichka smrt. ushte ednash,samo nevernik ce go negira toa
Мора тука да го преточите вашиот скептицизам за натприродното и вашите атеистички ставови, мора да се направите паметни и шега да терате на нечие верување? Ај олабавете малку.
Бабе на гугл не му верувам баш многу. Може да грешам ете,но мене од стари луѓе ми е пренесувано дека е за зимниот Св Никола
Истиот светец е де, гугл вика за летниот дека е. Инаку не застануваат бродовите затоа што не можат да пловат, морнарите од почит ги закотвуваат и му се молат на светецот. Ептен ја преувеличиле приказната старите, како нешто чудесно да е што застануваат бродовите, а не избор на човекот кој го управува бродот И нормално, не е низ целиот свет и сите бродови...
Гугл не е извор на информации па да не го веруваш. Тоа е само пребаруваш на интернет. Ако не веруваш во гугл, фактички не веруваш на се што е на интернет (медиуми, портали на вести, BBC, CNN, .edu (образовни сајтови) или .gov (владини сајтови). Ако сите бродови застанувале во еден ден и час, тоа сигурно немало да остане незабележано од патниците. А ќе имаше и видеа и документарец за тоа, луѓе ќе објаснуваа од каде зошто е тоа и сл. Сепак станува збор за нашите мориња и океани, а не за некоја друга планета. Едноставно прифати дека тоа е лажен мит.
А ти прифати дека не си сезнајко(само за информација чисто да знаеш)те читав во друга тема како велиш дека Свети Никола на вселенскиот собор,т.е на првиот собор,му удрил шлаканица на еретикот Ариј,е па не бил тоа "епископот" Никола,туку Свети Атанасиј) И доста веќе со дежурства т.е барање влакно во јајце на секоја тема поврзана со православие! Не дека не верувам се што е на гугл,но секој може да пише што сака,ете тоа ми е зборот(пре би верувала на "митови" пренесувани од старите баби и дедовци). @DAngel Знам дека е истиот светец,фала Богу Па важно е дека застануват,сепак од почит нормално од што друго. Ете,нека не се и сите по закотвувањето на тој ден,не ме чуди оти се помалку се почитуваат обичаите и традициите и верата е скроз намалена кај луѓето. Но далеку од мит е цела оваа работа
На теми по теологија слободно можеш да ме викаш професоре Еве ти го житието на Свети Никола. Прочитај го само првото поглавје. А ако те мрзи да читаш, еве ти икона од св. Никола како му удира бокс на Ариј
Ок,професоре Ти го наполнав егото сега? Но не,за жал нема да ти верувам слепо,знам јас дека и Св Атанасиј му удрил "бокс" но оваа работа чинам е малку преувеличена,дека се збуниле против еретикот океј,ама да го удриле шу знам Евангелосе,не можеш ти да имаш повеќе житија читано од мене,или пак да знаеш повеќе за светци и духовни отци од мене,не е фалење ова,тебе ти е работа само да бараш влакно во јајце.
Студентке, ајде ќе ве молам разгледајте го житието на Св. Атанасиј и покажете ми каде тој му удрил бокс на Ариј Ете јас во прилог ти дадов житие од Никола и плус икона каде тој му удира бокс на Ариј. Приложи и ти некакви аргументи за Атанасиј. Никола бил избркан од соборот заради тој насилнички потег. Да го направел тоа и Атанасиј и тој ќе бил избркан од соборот. Ама не бил. Значи тој бил помирен од Никола и не му удрил бокс на Ариј И те како можам. Сум можел и ќе можам. Во секое време
Па идејната порака е дека ќе го убиеле разбојниците да не бил светецот. И немало институции тогаш, овој е прапрапрапрадедо на другарка на Фичо Инаку, до ден денес луѓето си лажат за вакви ствари. Особено во тие делови на западна мкд се такви, не знам зошто, изгледа мислат дека се интересни. Кога бев мала, слушав некои ликови од Струга како раскажуваа дека кога биле во војска имале виденија на богородици, свети петки покасно разбрав дека еден дури го видел лично госпот закован во синџири. Attention whores.
Ednostavno sum vernik na mojata vera koja kazhuva i iskazhuva dosta chuda. Mozhete vie svashta da kazhuvate,da neveruvate,mojot stav e toj Ajde mozhebi po vashe ne e vistina toa so koleshkata moja i napravivte deka chovekot halucinira pa nezz shto,shto bidna nikoj ne mi odgovori so toj shto se vratil od smrtta i deka mesto nego odma babichkata umre. Za zhal nevernik nikogash za nishto ne mozhesh da go ubedish,pa sve tie deshavki se samo onaka prikaski. @sjdgo vernik si na nekoja vera ?
Изгледа дека сум го пропуштила најдобриот дел. Сега се вратив на мислењето. Приказната била поинтересна него што мислев. Во минатото, митот бил само начин да се објасни светот. Едит: Филипчо, тоа се вика коенциденција. А ти, присуствуваше на настанот?
@EvAngelos зошто вака мрачни работи постираш? Уште ти ја памтам сликата со Христос пред една година што ја постира некаде низ темиве, на која беше прикажан во најмрачно светло. При толку многу убави икони, ти се фаќаш за оние најникаквите, којзнае од каде излезени. Сега па и со Св.Никола. Што знам, негативно делуваш вака. Што ти е поентата на ова сега со боксот?
претпоставувам тогаш Божиќ и Бадник не славите дома нели? Не ми иде во глава тоа атеист а сепак повеќето ги слават сите празници традиционално.Општо прашувам не се лути.
Мене друго ме интересира, и го имам прашано @EvAngelos истово, само што не добив одговор. Нели дел од празниците во државата се однесуваат само за граѓаните од одредена вероисповед. Бидејќи @EvAngelos толку има против светците, дали оди, или дали би одел на работа (ако не работи никаде) на празник кој е само за оние со православна вероисповед, еве на пример на 28 август? Или кога дојде ред за одмарање ќе биде пу-пу не важи
Да, но тоа е само во рамките на традицијата. Тоа не ги прави луѓето верници. Моите се верници. И јас така растев. Кај мајка ми секогаш се славело и Бадник и Божиќ. Јас ги славев истиве во дискотека или некоја кафана. Ако се важи тоа. Влегував во црква со другарките, ама тоа не ме прави верник. И дома многу ми беше многу интересно со лепчето и паричката иако мислам дека тоа не е христијански обичај, ако не се лажам. Затоа го продолжив и кај мене тој обичај, најмногу деца ради. Ми беше интересно и фарбањето јајца, па и ден денес уживам во таквите моменти со децата. Ама тоа не е верба во Бог. Ами само обичај, во рамките на традицијата. На другите, секогаш им честитам празници. Тоа е почит. Мм е исто атеист, ама му се на моли на Бога само кога типува спортска. Ама кога ќе размислам, се ова има и нелогичности.