дел од Бог е и тоа ,не е само традиција.Елката редење нема врска со Бог ниту пакетчиња давање..Бадник Божиќ И Велигден се и те како поврзани со Бог.Не за џабе се наречени најголеми христијански празници
Џој, атеизмот е отсуство на верба дека постојат божества. Јас сум атеист, оти нема нешто што може да ме натера да не бидам. Треба да видам за да знам. А фактите се почесто на моја страна. Едноставно е. И тоа нема врска ниту со јајцата ниту со лепчето. Тоа не е доказ, дека Бог постои.
тоа е славење на раѓање на Бог.А ти ако не веруваш во неговото постоење неможеш ни да го славиш истото
А како заклучи дека јас го славам раѓањето на Бог? Ич. Неговото постоење не го негирав никаде, ами само тоа дека е невозможно да воскресне. Како јајцата го докажуваат тоа?
па правите бадникова вечер,Божиќ славите.Имате трпеза за Божиќ или не?Значи или си атеист и ме веруваш во негово постоење и се поврзано со него или не си атеист.Пола пола некако не ми иде.Маж ти е викаш атеист ама по потреба се молел на Бог(еве за спортска).Ти си знаеш ама мене не ми се совпаѓа едно со друго
Не го славам Божиќ. Ги славам родендените на моите деца. Имам вечера секој ден на масата, па и за Божиќ. Како тоа ме прави верник? Јас имам две погачи на маса со паричка. По една за двете деца. Како тоа ме прави верник? Јас верувам во Бинг Бенг, абиогенеза и еволуција. Атеист сум, затоа што верувам дека не постојат докази логично да се побие тезата дека бог не постои. На мм Бог му е тотално узречица.
Се ми е уредно објаснето во претходни постови, да не спамувам пишувајќи го истото одново тука. Нели си се запрашал некогаш зошто на луѓето од вашиот крај, овие чуда и средби им се случуваат далеку почесто, отколку на, еве, скопјани да ги земеме за пример од државава? Или сте меѓу најпривилегираните жители на планетата, попривилегирани од мнозинството (штом госпо, св. Никола и компанија токму вам ви доаѓаат во редовни посети , а не одат кај лондончани, да речеме), или е менталитетот и воспитувањето во прашање. Да знаеш дека е последното.
И ти китиш елка, а сигурна сум дека не си паганка и не практикуваш ритуали посветени на обожавањето на Сонцето. Ти предлагам да не китиш елка за да не те помеша некој случајно со паган, па да излезе дека си пола-пола.
Океј ајде, паганка си. Има поврзаност со паганството, политеистичка религија која вклучува обожавање на природата.
Елка китиш за Н.Г не китиш за Божиќ Велигден,Курбан Бајрам и тако даље.Разумеш што сакам да ти кажам?И чим си толку образована на темава скокај ги 3та и 4та и директ теолошки.
Делиме затоа што е дел од традиција. Јас немам ништо против практикување традиција, а притоа да не ја следиш соодветната религија. Немам ништо против јога, Валентајн, Халоуин итн. Ти си таа која има, па затоа те прашувам тебе како тоа ти како христијанка да практикуваш туѓи (пагански) обичаи?
Имам другарки чистокрвни муслиманки китат елка??????Тогаш зошто? @Lella во Македонија нигде ама баш нигде не се слави Halloween не мешај баби и жаби.Тоа нема врска со религија баш супротно.
каде реков дека сум против? Ај цитирај го тој дел! Јас прашав како сте Атеисти а еве делите дел на Бадник за некого за кого не верувате дека постои? Немаш одговор што да ти правам. Бадник Божик Водици и Велигден не се традиција
Акo сaкaaт дa китaт, зoштo дa не? Прaвoслaвни кaкo oдaт нa Halloween журки и си слaвaт Valentine's Day...
Јас да си кажам, немам слава, не кршам леб, не фарбам јајца. Ама ако сум на гости кај постари роднини, сигурно не би одбила леб. И тоа не ме прави православна, како и тоа што јадам баклава на Бајрам не ме прави муслиманка.
Џој, не го славиме Исус, туку практикуваме традиција, на ист начин на кој ти красиш елка, практикуваш традиција, а немаш намера да ја славиш природата со тој чин. Како што ти овде бараш одговор од атеистите кои ,,го слават Бог", така може и паганот од тебе да бара одговор зошто красиш елка, кога за него тоа е света работа, а не обична традиција, како за тебе Бандик.