Не ме сфати, ти викаш за Божиќ се китело.Океј.Ама зошто тогаш од друга религија китат, нели е стриктно за нас христијаните? За мене Halloween е без врска а Валентајн е Св.Трифун. *ќе морам малку посмирено овде инаку ауф
Ја следам темава и се изначитав доста работи. Во врска со празниците и ред други работи нема да коментирам за да не повредам нечии чувства. Како и да е, сметам дека голем број од верниците (без разлика на која вера тие и да припаѓаат) веруваат во Семоќниот зошто имаат страв од него и некако добивам впечаток дека повеќето луѓе се добри, фини и така натаму зошто мислат дека ќе им се случи нешто лошо, дека чичкото од горе ќе ги казни и сметам дека голем број на верници се всушност добри и послушни токму поради ова. Некако имам впечаток дека доколку истите овие верници ако дознаат на пример утре дека Бог не постои дека ќе излезе сета злоба и омраза од нив и всушност ќе станат вистински демони. А искрено човек кој е добар само поради тоа што има страв од некој кој е горе и гледа сè за мене не е добар човек, дури сметам дека е полош и од тој кој се прогласува себеси за сатанист. Тоа за мене е чисто лицемерие. Има луѓе кои навистина си ја сакаат својата вера и веруваат во неа вистински ама голем дел од нив за мене се фолиранти. За мене човекот може да биде или добар или лош, без разлика на која религија и да припаѓа. А за мене искрено немаат приоритет религиите. Никогаш не сум се ни интересирал особено за религии и сметам дека тоа е губење време. Еднаш си зацртав за цел да ги прочитам Библијата и Коранот и почнав со Библијата, но на крајот прекинав. Али ова е сепак само мое мислење и не сакам никој да се чувствува навреден, почитувам пак верници зошто јас луѓето не ги делам според религијата туку според карактерот. За мене постојат добри луѓе и лоши луѓе и тие ги има кај припадниците на било која религија.
Како тргнала работава, уште малце ќе се потегне и прашањето „Како тоа си атеист, а користиш фрази како Бог да чува и Господе Боже?“
Да се откажат сите атеисти од привилегиите кои ги носи религијата, една меѓу нив е и изреката -Боже помогни, Да даде Господ и слично, друго се празниците кои они сакаат да си ги нарекуваат едноставно -традиција, трето -на Велигден да нема заљубување! Бендер си ме побарал гледам пред малку
Окултист, ех атеист кој оваа година изеде цели три риби - ослич на Св. Никола (куќна слава)... А, риба не јадам. На жабите не може да им се верува! (не им кажувајте на другите)
Риба не јадам а изедов три, атеист сум ама куќна слава по светец имам Велеше дека и турбо фолк не слушаш
Оти за окултизмот не ми се фати туку за рибата ма светецот не е мој,само користам можност да се зближиме со рибите и, е! Турбофолкот е за луѓе со стил, класа. Ко Фатиме. Ја...шо мајка барам тамО?!
Сметам дека во една секуларна држава каде што сите верски заедници се еднакви пред законот би требало сите верници да добијат еднаков број на неработни денови, вклучувајќи ги и атеистите. Али добра поента ти е ова дека ако се пишеш православен имаш повеќе неработни денови во годината и тоа е уште еден доказ дека МПЦ е фаворизирана во Македонија.
@EvAngelos прашањето ми беше дали си толку силен за религијата и кога доаѓа бројот на неработни денови во прашање? Дали одбиваш да одмараш на православен празник. Патем истото иде и за атеистите, дали одбивате слободен ден на празник кој е само за православните. Еве кај нас им дале некој ден плус на првославните, во другите држави пак, на пример во некои во кои мнозинството население е католичко, православните, муслиманите и евреите освен државните празници (католичките), имаат право и на слободни денови за време на другите празници. Дали тоа значи дека во таквите држави е фаворизиран исламот на пример?
Па православјето е доминантно во Македонија ко што мислам а?Или не знаеш за такво нешто.Оди во Турција и Дубаи збори вака јавно на ИСТАВА тема.
@DAngel Исто како елката на Џој, се надевам дека ти одбиваш да одмараш на Рамазан Бајрам. Во спротивно, немаш право да го поставуваш прашањето.
Лела, не знам колку си запознаена со распоредот на празниците во државата, ама има празници за сите граѓани, празници само за православните, празници само за муслиманите, празници само за евреите, само за католиците итн итн... Нормално дека не одам на работа на Рамазан Бајрам, тој е празник за сите граѓани на Р. Македонија, ама одам на Курбан Бајрам, кој е празник само за оние граѓани кои се од муслиманска вероисповед и тие не доаѓаат тој ден на работа. Прв ден од Божиќ е празник за сите, нормално дека сите нема да одат на работа, ама 6 Јануари е само за православните. Провери пред да пишеш Прашањето во секој случај, не се ни однесува толку на луѓето колку што ми е несватлива потребата да мора човек религиски да се декларира за одредени празници. Никако не ми беше целта да провоцирам или да создавам нетрпеливост, јас не сум го измислила законот за празници. Ама ајде, ќе пораснеш па ќе научиш да вдишеш пред да избувнеш.
Јас би одела во школо на православни празници, да одеа моите професори секако. Ако ме прашуваш дали се трескам од земја што морам да седам дома, ти се молам... Едит: Сега гледам дека си редактирала. Океј е, недоразбирање беше, какво избувнување виде не знам.
Колкумина кај нас, верници, ставаат паричка во лепчето на Бадник? Тоа е погрешно. Дали тоа ги прави атеисти? Оти, паричка се става само на Василица. Дури и за ова не сум сигурна. Св. Никола, нам уште познат како Дедо Мраз, бил епсикоп, чија животна приказна го направила најпознат светец на Црквата на истокот. Според легнедата, тој се смета за човек кој војува против неверниците, но и за најголем пријател на децата. Тој ги наградува децата со подароци. Култот за истиов почнува да се шири, и родителите почнуваат да ставаат подароци под елка, едни на 25 ти декември, едни за Нова, други на 6 ти или 7 ми. Кои од нив се правите верници? Како ова ве прави вас верници? Дали во Библијата го пишува ова? Или вие сте пола, пола? Или, едноставно не им давате подароци на децата? Коледарскиот оган е паганизам, коледарската песна е паганизам. Во католицизмот, постои и нешто што се вика адвентс календар, не знам соодветен збор за ова. И тоа е паганизам. Адвентс свеќите се паганизам, елката е паганизам. Дали според ова треба да заклучиме дека католиците се пола пола? Или пак христијаните, кои исто така имаат прифатено голем дел од ова, дали се верници, неверници? Обичаите се дел од културата и наследството на еден народ. Предлагам да ги разграничите дефиниците и на едното и на другото. Истиве, зближуваат народ, семејство, и нема ништо лошо во нив. Во ред се додека не преминат во чин на обожавање. И немаат врска со христијанството. Зошто ги практикувате? Тоа што јас сум атеист, не значи дека немам право да применувам обичаи. А ова второто пак, уште помалку ме прави верник.
Многу јасно дека не се трескаш Знам компании кај што мнозинството се муслимани, на пример, па на православните празници оние колеги кои што се православни не работат, а на муслиманските сите не работат со тоа што на колегите кои се православни им земаат ден од годишен одмор. Има компании кај што мноштвото се православни, па на православните празници им се зема на муслиманите ден од годишен одмор. Во име на традицијата и обичаите, не гледам причина зошто некој кој се декларира како агностик или атеист, а си спрема вечера, меси лепче со паричка и што и да е. Има нешто магично во тие празници и традиции што ги зближува луѓето. Ама ете, нема причина некој чие секое мислење е противење на православието, јавно понижување на сите светци и исмевање на култот кон Богородица да се прави неудрен, и Голема Богородица да му биде празник, а инаку во слободно време има сѐ против православните празници. Едно е да си атеист, друго е да шириш една вера а да празнуваш празници од друга.
@DAngel Целава работа со празниците е нефункционална, бидејќи секако некој бидува привилегиран. Сигурна сум дека муслиманот попрво би го имал тој еден ден годишен одмор, отколку да го искористи на православен празник. Мене не би ми било мило да ми кажеа дека треба да го одработувам Велики петок во јуни. Патем, напаѓањето на други верници бидејќи не работат на празници кои неофицијално масовно се празнуваат како државни токму поради МПЦ е смеење во фаца со привилегијата која ја имаат православните.
Магично ? Има магично колку што господ има магично дејство на лугето кои што веруваат у него ( или "неа" сеа незгодно на форумов да не го нагласам ова ) Еве јас сум Атеист ама ги сакам празниците, знаеш зошто ? Само затоа што лугето кои веруваат ( кој поцврсто кој полабаво ) сепак се трудат да бидат добри во тие моменти и целата атмофера е поубава, некако лугето насмени, поспокојни ( иако и неработните денови во низа си имаат улога во расположението ) така што у генерала ме радува и мене тоа што другите луге ги радува. И не е ништо " магично " туку се создава од самите луге Али ја пак си го држам ставот дека сум Атеист и нема да верувам, и не прославувам затоа што верувам во тоа што се случуло на датумот кој што го одбележуваме, туку заради како што веќе кажав погоре. Е сега размислувам дали кога јас ќе имам семејство би ги прославувал празнициве. Мислам дека нема, што се однесува до мене е сега тоа нема да оставам само по моја желба, ќе ја разгледаме и желбата и потребата на мојата партнерка и на целата заедница ( семејство ) па со компромис ќе се реши тоа ПозЗ3³ ®
Читко бе, ич не си поетичен. Па на тој начин магично, де. Сите автоматски подобри, поубаво расположени, на сите им е мило да те видат.