Еј немој сега вака да ми правиш. Не сум у состојба да бирам поезија кога станува збор за Религија. Please, forgive me !! Ај да зборевме за Македонска политичка сцена па да користиме зборови како Магична, Величенствена, Просветлувачка и сл. ќе беше многу повеќе од реално ПозЗ3³ ®
Нема итн итн, толку се. Празници само за православните се 5, за католиците 3, за муслиманите 1 и толку. Има уште неколку, ама тоа се за националните малцинства во РМ. Другите верски заедници немаат посебни неработни денови за своите празници. Затоа велам дека со ова верските заедници не се рамноправни пред законот во нашата секуларна држава. Едноставно не е фер ја и ти да работивме во иста фирма и да земаме иста плата, а јас да имам 5 неработни дена повеќе само затоа што сум се пишал како православен, а ти како атеистка. Хипотетички збориме нели
Хипотетички, дали во секоја католичка држава некој ги прашува православните кога им е празник? Премногу хипотези се ова. Во Индија секоја област си има различни државни празници. Ова е Македонија, јбг...
Дедо Мраз што го чекаат децата не е Свети Никола, друга птица е Клаус со ирвасите, овој е советска креација, дебел атеист со бела брада
Hahhaha светијата Никола бе Не знам кој уште те лаже тебе. Санта=Сатан На Сатан омилена боја му е црвена, која сите знаеме дека е комуњарска. Затоа вмро се ребрендираше пред избори, оти видоа сатаната до кај ги донесе. ОК? Ама кога еднаш ќе ја продадеш душата, нема назад, готово е све.
Припаѓам на друга религија. Јас верувам повеќе во чудата на Милан Тарот. Подобар е човекот од Иван Исцелителот. Мала демонстрација на неговите моќи:
A зошто ете не фарбаш јајца денес на пример? Зошто баш на Велигден? Нели за тебе не постои Бог, Воскресение Христово??
Чепни им малку во атеизмот како тие во религијата наша па да видиш како се палат како барут. Сепак и тоа е еден вид на религија. Верување измислено да не прави да се чувствуваме никој и ништо, малечки, потрошен материјал, буквално небитни. Инаку како би се контролирало толкава маса на луѓе.
Каков цитат. Очекував некоја подлабока контра теза. 1. Бог нема врска со јајцата. 2. Во текот на годината неколку пати ми се случило да фарбам. Оти им е интересно на децата. Не сум им рекла не, само за Велигден се прави тоа. 3. Мешате со традиција повторно. Ти смири се. Јас не сум антитеист, ами атеист. Има разлика меѓу двете. Ако си верник, ќе знаеш дека твојата вера учи да се почитуваат сите, вклучувајќи ги и атеистите.
Не можам да ти ја објаснам таа среќа кога ќе видам атеист со крст на врат, напред на литургии, го знае редоследот повеќе од мене. Затоа и не чепкам, ќе дојде денот.
Повелии тука. Те канам на дискусија. Или викни ме ти мене таму каде што тебе ти е полесно да се искажеш. Да. Па еве некни баш ставав паричка во погача. Вежбаме за Бадник.
Смерен сум јас. Само си кажав мислење не навредив никого. И никаде не спомнав дека не почитувам одредена група.
Мислев општо за цел форум, немам енергија да се разубедувам, посебно не пред голем христијански празник, затоа што знам до каде води. Паметна си, ќе ме разбереш.
Каде си видел ти атеист што се чувствува вака поради неприпадноста на религија? Јас гледам околу мене како се контролира од религијата. Како разни лични работи што никого не повредуваат се сметаат за предмет на осудување и гадење. Читам небулози како и страдања на невини луѓе (дури и пр. глад и сиромаштија на деца) биле лекции, со причина одобрени од семоќно и апсолутно праведно суштество. За контрола од атеизмот, да се јавите да зборите ти и твоите истомисленици кога ќе се формира атеистичка институција која од неверувањето и скептицизмот на луѓето ќе натрупува енормни пари за имот и џипови, ќе прави политички пазар и циркузи со соодветните институции од соседните држави - а на крај приврзаниците пак слепо ќе ѝ се клањаат. Ќе биде можда у некој сатиричен дистописки роман
Не личиш на смирен. Ами напротив. Не е моја работа да те смирувам, си имаш Бог. Што толку те боли атеизмот? Чепкај во него колку сакаш. Право буре барут, само кај верниците. Затоа што сум паметна, не те разбирам. Ти почна со цитирање, сега бегаш. Не барам да ме разубедиш. Всушност овде тоа никој не го бара. Имам прашање за тебе. Како се поврзани Бог и јајцата?
Сум видел атеист таков во моја близина. Од биг бенг вели настанало се, ќе умреме и ништо потоа, така постоиме за без потреба. Нели тоа прави да се чувствуваме така? Јас мислам дека тоа е така, можеби ти не. Секако дека и религијата контролира одредена група на луѓе но и атеизмот го прави истото. Инаку за да Исус биде твој спасител и да веруваш во него не ти требаат попови со џипови воопшто.
Отвори тема за религија ќе видиш дека повеќе атеисти има а не верници што пишуваат. По ова што го кажа буре барут само кај верниците може да заклучиме дека нема разлика помеѓу нас, и нас не иритира кога чепкате во религија и вас ве иритира кога ви чепкаме атеизмот. Мене ич не ме боли атеизмот ама на форумов има ептен изгорени атеисти по религија. Во секој збор им е Бог и религиите, посебно православието. Како атеисти повеќе време посветуваат на религиите и Бога од верниците
Има еден, од рамноземците и закоравени верници, тврди дека ич нема потреба да не интересира што има надвор од Земјата. И да има живот на друга планета, тоа е најмалку битно. Вонземјаните не се христијани, па секако ќе завршат во пеколот. Нема потреба да се замараме со наука. Тоа ако не е ограничување на мислењето, тогаш не знам што е.