Ти зборуваш за антитеисти. Те молам разграничи ги поимите. Ако не те боли атеизмот, што тогаш се чувствуваш мал во однос на него? Ова е форум. Служи за дискусии, следствено ќе пишуваме каде сакаме, па и во религија. Фактите, погоди на чија страна се. Можеби така ќе ти стане појасно, зошто повеќе ги има атеистите во тема религија.
Те прашав зошто баш на Велигден, не гледам ништо лошо во тоа што те прашав. Воедно, Марија Магдалена прва го започнала обичајот со велигденските црвени јајца. Црвената боја има симболика на победа( доброто над злото). Нејзиното значење на овој голем Христијански празник е дека Господ Исус Христос со своето воскресение ја победил смртта. Црвената боја ја претставува божјата сила и моќ, а водено ја симболизира и христовата крв, која Исус ја пролеал на крстот за спасение на сите луѓе на земјата.
Не реков дека е лошо штопраша. Напротив, ти одговорив на прашањето. Јас не фарбам црвени јајца, ами розеви. Марија Магдалена, само почнала една традиција која се пренесувала генерациски. А за другово што ми го објаснуваш Фантазија par excellence. Малку Кабала, стварно ќе те просветли.
Какви факти? Ако за одредена група се тоа факти за друга не се. Зборот ми беше дека ептен атеистиве на форумов се мешаат во религија дури и правила кажуваат, трошат ептен време на религија а атеисти се инаку ти пишувај кај сакаш и во која теме сакаш не сакав тоа да кажам дека не смее атеист да пишува во тема религија, погрешно ме разбра. Можеби сум бил атеист или сум се ставил во кожа на атеист да видам како е па да одлучам што ќе бидам затоа велам дека прави да се чувствуваме мали.
Тука е разликата помеѓу мене и тебе. Затоа и реков немам енергија да ја расфрлам тука, посебно не во вакви денови, за мене посебни, за тебе обични. За тебе фантазија, за мене вистина.
Едно прашање до атеистите. Дали за да верувате во Господ тој треба да се симне да ви се покаже?Апстрактен е, исто како што верувате во среќа,љубов.Сте ги виделе?Сте пиеле кафе со среќата??
Одлично е тоа што си доживеал просветлување. Стварно ми е мило за тебе. Драго ми е што те смее фактот на негација на фактите. Дете, учеше ли ти школо? А за тебе е трошење време за дискусија во која се разменуваат мислења и ставови? Браво. Тогаш не пишувај. Разликата меѓу мене и тебе е во начинот на дискусијата. Разликата меѓу мене и тебе е тоа што ти сакаш да бидеш зависна и ограничена кога да фарбаш јајца на пример и ред други работи. Јас ја имам слободата на размислување и делување без да ме ограничува непостоечки ентитет. Фантазијата која за тебе е вистина, ако не можеш да ја одбраниш, а пишуваш чисто од досада задржија за себе. Чисто да не си ја изгубиш енергијата.
Дискусија воопшто не е трошење време, трошење време е исмевање и понижување на противникот како што е во темите за религија. Школо учев да ама кога би имал шанса да вратам времето не би учел кога гледам какви олоши произведува образованието предводено од запад.
@Lianna Anna Ако за тебе е факт дека земјата е округла, за него не е. Крај. @Vitaly Тоа што се осеќаш увреџено и повреџено бидејќи атеистите ти се спротиставуваат на верувањата е нешто што треба самиот да си го решиш. @Feminka22 Како беше вицот со мозокот? Не сме пиеле кафе ни со нашиот мозок, но ако отвориме нечиј череп, ќе видиме дека постои. Среќата, тагата, љубовта и другите чувства се последица на смеса од хормони, чие постоење исто така е научно докажано. Можеби ова не звучи привлечно и божествено, но така е. Постоењето на Бог, сепак, не е докажано. Зборувам за Бог во смисол, натприродна сила, а не на Исус татко му. Најголемите докази за таков апстрактен Бог се субјективни. (Го чувствувам во душата, ми дава мир, забременив откако гледав христијански филм, се помолив па главата престана да ме боли...)
А зашто не не остаиш да верува кој во што сака?Ако ти не веруваш во ништо не замарај по темиве.Олабави малце.Ние сме научени така ти си научена дека нема Господ.Што да ти образлагам?Да ти го нацртам Господ за да поверуваш. @Lella те чекав.Да ама мозокот знаеш дека постои.Можеш да го видиш,ако ти ја отворат главата.
Одговори и на @Feminka22 . Па нормално дека пишувам од досада, форумов не ми е за мудрување и создавање форумски идол Добро утро!
Јас пијам кафе секојдневно со мојата среќа. Моето семејство. Моите деца се мојата среќа, ги гледам секој ден. Тиспоредуваш чувства и емоции со непостоечки ентитет. Сериозна си? Ти почна да пишуваш за атеизмот како те правел мал, ваков и онаков. А после ние навредуваме?
Ами кој тоа ви брани да верувате вие во нешто? Атеист сум, не антитеист. Фраза, Бог да чува. Бев цитирана и одговорив соодветно. Можеш да ја рипнеш темава ако те замарам. Всушност, има едно копче и се вика игнор. Иначе, ти мене почна да ме цитираш. Размили кој кого замара. Не барам цртеж, имам факти. Не барам на темава никој да ме убедува или разубедува. Исто како што тоа не го правам и јас. Само си го бранам ставот. Ќе биде убаво сите да го правите тоа. Наместо да напаѓате и да се напнувате.
Знаев дека под среќа ќе ги кажеш твоите.Ти зборам за среќа среќа не за фамилија.За мене е Господ изнад свих.Не можеш да ме разубедиш дека не постои.
Како да го решам тоа може да ми помогнеш? Јас велам зошто јас да бидам како другите кога може тие да бидат како мене. Работава е или биди како нас или ќе те исмеваме и луд ќе те правиме. И браќата Рајт ги исмевале и ги правеле луди бидејќи правеле летала а денес тие се едни од најзначајните личности за напредок во воздухопловството.
Не ти требаат, точно. Многу православни верници тука се такви, објективни и што знаат да дадат критика. Ама ти и другарка ти меѓу тие дефинитивно не сте, безброј пати сте го докажале тоа Дете, токму тебе ти боде очи агностицизмот, атеизмот, скептицизмот, па и сите други религии освен православието. И не само тоа, и чиста наука и факти што не ти ја побива религијата, ти боде очи. Провоцирате, безобразни сте токму вие, како и секогаш. На @Lianna Anna потполно ѝ ја разбирам поентата, таа не само што не е антитеист, туку и ја почитува традицијата сама по себе. Сака радоста од истата да им ја пренесе на децата, и сигурна сум дека не би им наметнувала атеизам, туку ќе ги остави сами да изберат во што ќе се пронајдат, за разлика од вас како идни родители Тоа што прави дома со семејството, нејзина работа си е и вие немате право да ѝ докажувате ништо.
Знаеш кого друг така го исмевале па дури и го запалиле на клада бидејќи размислувал прогресивно? Сигурна сум дека знаеш. Не знам што да направиш за да не те нервираат атеистите и да им пристапувапш смирено. Сигурна сум дека тоа го пишува во Библијата, книга којашто си ја читал, затоа што си христијанин.
Поради препукувања back-and-forth темава ќе биде заклучена додека не се смират двете страни. Мислењата што беа избришани се офтопик.
Избришан е коментарот на кој сакав да реплицирам. Значи пола коментар што имав на ум да гo пишам, нема да биде пишан. За фарбањето јајца. Ќе дадам еден пример. Во основно шарав јајца со една другарка муслиманка. Од училиште ни дадоа задача да шариме јајца дома и да ги однесеме во кошничка за Велигден. Другарката самата рече Сакам и јас да шарам. И кај мене дома работевме. Девојчето не веруваше во мојот Бог, во мојот Христос, но ете му беше интересна традицијата на боењето и украсувањето на јајцата па посака да учествува во истата. Само, бесмислено во целава работа би било ако, некој кој не верува во Христос, да вели Христос воскресна или ако на него му кажат а тој возврати Навистина воскресна. Тоа е поздравот со кој верниците се поздравуваат и радуваат на настанот кој го разгласуваат. Ако некој е атеист, нема да разгласува дека воскреснал Оној во Кој не верува. Ако @Lianna Anna , како атеист, го разгласува воскресението, би било крајно апсурдно. Устата да го исповеда Христос, а во срцето да нема место за Него, нема логика. Инаку, традиција е едно а религија друго. Барем јас така гледам.
Бесмислено е, ама ако некој ти се обрати со “Христос се роди” и сака само да ти честита празник, сигурно нема да не му одговориш ништо или да почнеш дискусија на таа тема.