Бев христијанка, само во документи а никогаш со душа и убедување (не сакам никого да навредам). Барав одговори на мн прашања кои ги немаше на нет, па дури и сами некои лица на црквата не можеа да ми ги одговорат или одговорите им беа недоволно логички. После две три години трагање по вистината, зошто живеам и зошто постојам.. Конечно гопронајдов правиот пат. Сега сум Муслиманка и мојата вера е Ислам... И нема во (правото) христијанство и Библијата (во исламот се нарекува Инџил) грешки. Грешките ги вметнуваат и ги прават лугето... Ме воодушеви тоа што од самото постоење на Куранот нема ниту еден збор променето во него, дурии и во преводите! Дознав дека во Исламот т.е. во Куранот е прифатено христијанството... Но нр на овој начин како што е денес практикувано... туку на сличен начин како што се практикува Исламот... Кој го интересира подетално и кој дака да дебатира САМО СО ДОКАЗИ од Библија и Куран нека повели...
@Melek4e дали имаш дечко/маж муслиман и дали случајно датумот кога се фативте е близок со датумот кога стана муслиманка?
Православен христијанин. Да, на човекот не му се јасни многу работи во однос на Бога, религијата само затоа што човекот со падот во грев, се оддалечил од Бога. Ама и човекот не треба да се интетесира премногу за тие работи, да се интересира за она што Бог го сокрил од нас, Божјата премудрост е многу поголема од човековата мудрост, Бог е вечен, а ние сме само патници на овој свет и век. Најголемиот проблем кај православните христијани е тоа што не го живеат животот во Црквата, не се исповедаат, не се причестуваат, не се молат...Само најголема работа во верата е љубовта, а најсилна се добрите дела, а преку нив се гледа љубовта. Човекот по делата се познава, а преку нив може да се спаси. Без разлика која религија и да сте, правете добри дела.
Како го разбираш овој цитат од Светото Писмо: "Зашто по благодат сте спасени, преку верата, и тоа не е од вас самите - тоа е Божји дар! Не е од делата, за да не се фали некој." (Ефешаните 2:8, Библијата) Или оваа изјава на Христос: "И ако некој ги чуе Моите зборови, а не ги пази - Јас нема да му судам: зашто не дојдов да му судам на светот, туку да го спасам светот." (ев. Јован 12:47, Библијата)
Да не се цитираме без потреба во темава. Како го разбирам тој цитат, тоа си е мое и ќе си го задржам тоа за себе. Поздрав.
Соборното послание на свети Јаков брат Господов вели: „Така и верата: ако нема дела, мртва е сама по себе. Но ако некој рече: ти имаш вера, а јас имам дела. Покажи ми ја својата вера без дела, а јас ќе ти ја покажам верата од моите дела.Ти веруваш дека има само еден Бог. Добро правиш; и бесовите веруваат и треперат. Сакаш ли пак да сознаеш, суетни човеку, дека верата без дела е мртва? Нашиот татко Авраам не беше ли оправдан од делата, кога го принесе на жртвеникот својот син Исак? Гледаш дека верата соработуваше со неговите дела, и дека верата преку делата стигна до совршенството. И така се исполни Писмото, кое вели: „Авраам Му поверува на Бога, и тоа му се засмета за правда, и се нарече Божји пријател.” Гледате дека човекот се оправдува преку дела, а не само преку вера. Исто така и блудницата Раав не се оправда ли преку дела, кога ги прими согледувачите и кога ги испрати по друг пат? Имено, како што е телото без дух мртво, така и верата без дела е мртва.“
Јаков воопшто не е во контрадикција со апостол Павле. Јаков зборува за мртвата вера, а Павле за живата вера. Живата вера е таа што спасува. Делата не спасуваат, туку живата вера.
Така и верата: ако нема дела, мртва е сама по себе. Но ако некој рече: ти имаш вера, а јас имам дела. Покажи ми ја својата вера без дела, а јас ќе ти ја покажам верата од моите дела. Овде јасно се кажува дека верата без дела е мртва. Ако нема дела, не може да биде жива.
Да али у претходниот муабет не зборевме за жива/мртва вера, туку за тоа како се спасуваме, дали преку вера или преку дела. Делата се само производ и показател на живата вера, но тие немаат никаков удел во спасението. Еве на пример кажи какво добро дело направи разбојникот кој висеше на крстот до Исус? Никакво. Само си ги призна гревовите и поверува во Исус и Исус за него рече дека уште денес ќе биде во рајот.
Многу важна работа е покајанието за сторените гревови. Ако го рачунаме како добро дело со силна вера во Бог преку кое можеме да си ја спасиме душата, тогаш изгледа спаѓа во добри дела.
1. Третиот распнат не го напаѓал Христос за да морал вториот да го брани, туку едноставно му викал да ја искористи моќта за да ги спаси сите тројца од крстот. 2. Третито распнат и да сакал да го „нападне“ Христос, не можел, бидејќи бил цврсто закован за крстот и при умирање. 3. Зар стварно сметаш дека на Исус му требало телохранител? Кога го апсеа Исус, римските војници испопаѓаа на земја само од Исусовите зборови „Јас сум“. 4. Гледаш ли какви ереси и какви извртувања на Библијата се случуваат кога сакаш да вметнеш некоја доктрина што ја нема во Библијата? Зарем не е полесно да се прифати едноставната библиска вистина дека вториот разбојник и сите останати во Новиот завет се спасуваат преку верата во Исус?
Свето евангелие според Лука гл. 24, 39. Еден од распнатите злочинци хулеше на Него, велејќи: „Ако си Ти Христос, спаси Себеси и нас!” 40. А другиот, кога одговори, го искара и рече „Зар и од Бога не се боиш, кога си веќе и сам осуден? 41. Ние сме праведно осудени, зашто примивме заслужена казна според нашите дела; но Он ништо лошо не направил.” 42. И Му рече на Исуса: „Сети се на мене, Господи, кога ќе дојдеш во царството Свое!” 43. А Исус му рече: „Вистина ти велам: денес ќе бидеш со Мене во рајот!” Еве го Светото Писмо, еве го делото на покајниот разбојник. Непокајаниот разбојник извршил вербален напад, а покајниот разбојник вербално Го одбранил Христа. (Не)Човечки е кога ќе видеме некого да напаѓаат да се приклучиме на толпата, ама покајниот разбојник бил храбар и се спротивставил. Тоа е неговот дело со кое го заслужи рајот. Мислев дека не требаше да потенцирам дека нападот бил вербален. Ама ај ќе си прави некој прикаски и ќе го извртува светото евангелие само за да води инает...
Абе опасен напад му извршиш, кога му влегол јако со зборовите: „Ако си ти Христос, спаси се Себе си и нас“. У шах-мат го стаил Исус и жива среќа што овој се нашол таму да го одбрани од небраното Стално кога праам муабет со тебе си го поставувам прашањето: Имаат ли граници твоиве пародии? Зар навистина веруваш дека на Господ му требаат бранители, телохранители, адвокати... или само измислуваш вакви пародии колку да си ја одбраниш догмата, во случајов дека распнатниот морал да направи и некакво добро дело за да се спаси? Види, Светото Писмо си е кристално јасно по ова прашање: "Зашто по благодат сте спасени, преку верата, и тоа не е од вас самите - тоа е Божји дар! Не е од делата, за да не се фали некој." (Ефешаните 2:8, Библијата)
За да не одам офф топик, одговорот го наведувам тука: Припадност во смисла на некаква традиција, крштевање, иницијација, членство и членарина не припаѓам никаде. Ставовите меѓутоа кои јас ги прифаќам во поглед на овие спиритуални работи се од духовната заедница Универзален живот во која веќе неколку децении Христос се објавува преку пророчката реч. Накратко, таму се зборува дека Божјиот Дух пребива во внатрешното на секој човек па отттаму нема потреба од надворешни објекти за да се најде Бог; за потребата од живот според духовно божествените законитости(верата без дела е бескорисна) реинкарнацијата како можност(но доста поразлично од она што постои како сфаќање во источните религии); дека и животните имаат душа; за вегетаријанството; дека материјалниот космос е последица на отпаѓањето од Бога и од духовниот космос а не директен чин на Божјото создавање и тн.