I sto ima glupo u odgovorot? Sekoj za svoeto telo si odlucuva taa devojka sama oodlucuva da go prodava teloto a muslimankata ne odlucuva sama dali da oblece burka nego taka i nalagaat i kade se ovde covekovite prava na sloboda, kaj prviot ili vtoriot slucaj?
Јас сум баптист, т.е протестант главната разлика е што ние веруваме дека бебиња не треба да се крштеваат туку дека тоа е одлука која мора да ја направи личноста кога навистина ќе сака, најчесто накај од 12-14 години. Нема многу баптисти во Македонија сите што ги знам ги знам од баптистичката црква во Скопје.Не веруваме во ниедна друга “света” книга освен библијата и најважното во нашата вера е личната врска помеѓу личноста и Бог (молење) а не традициите,одењето во црква, рецитирани молитви итн.
Wtf??????? Не секоја жена која носи марама е угнетувана! А во врска со проституцијата очигледно не знаеш што се случува во тој свет и со нивните тела така да не трескај тука глупости. И дајте оставете ги жените кои носат марама на мир, како што ти имаш избор дали ќе ги извадиш цицките и газот надвор или ќе носиш ролка, така е исто и нивнк избор--особено тука.
Jас сум православен христијанин. Баба ми има потекло од Грција али од егејскиот дел. Па си викам дали сум чисто христијанче или можеби не?!
Зарем не се православни христијани и Македонците со егејско потекло? Инаку во право е членката над мене, „пола“, „четвртина“ или не знам колку од нешто може да си по етничко потекло - за религија ваљда во една се пронаоѓаш и тоа е важно, предците не мора да имаат врска.
Епа затоа ми беше и мене чудно бидејќи баба ми нема православно македонско име, а дедо ми има. А, иначе она била во тоа време кога македонците ги избркале од грција. Затоа и се преселила тука и омажила. Сепак нејзиното потекло, нејзиното име се ми беше чудно. А, јас дека влечам гени од нивна страна бидејќи сите викаат дека личам на нив.
Да разбирам ама моето име е од индиско потекло, така да без разлика какво име има баба ти нејзината религија е нешто сосема друго.
А баба ти не знае каква религија практикувала? Најдобро таа ќе ти каже, прашај ја (доколку е жива, или прашај некој друг близок) вака се е само нагодување, како би знаеле ние точно? А оти јас се си мислам дека православни се нашинците во Егејска Македонија? Името баш најмалку има врска, во тоа време секакви имиња ставале, плус и не ги пишува сите православни имиња по верските календарчиња.
Баба ми беше многу контрадикторна. Копнееше она по Грција, а дома крстови си чуваше и идеше во црква. Многу добро се сеќавам дека имаше еден цртан со грчки превод, а поврзан со Исус беше си го чуваше како очите во главаМе учеше грчки единствено што ми остана во сеќавање е да бројам на грчки, а другото го имам заборавено. Постојано бараше да ја вратиме во нејзиното родно место. Али моите ми викаат не се замарај христијанче си. Сепак мислам дека и она верувала во Исус.Без разлика што и фалело родното место.
Ами нормално е дека била христијанка штом чувала крстови и одела во црква, само што во исто време тежнеела кон родното место, што не е воопшто лошо, посебно место во сечие срце има и за државата и за религијата. Не се замарај со ова повеќе, бидејќи 100% си од православна вероисповед, сите ти го кажуваат тоа тука, ете и твоите родители
Атеист. Најдобар случај агностик. Немам ништо против ничија религија, но нејќам ни да ми докажува некој како било чија религија е "најдобра". Не постои "добра" ни "лоша" религија, само добри и лоши луѓе.
@Petra777 myheritage сигурно е free trial две недели? Пошто бара картичка на сама регистрација, да не ме одерат.
Сега дури го читам ова. Православни се и Егејците. Нема врска што баба ти е од Грција, односно егејскиот дел на Македонија. И баба ми и дедо ми од таткова страна се од Воден, избегале овде кога почнала граѓанската војна таму и останале. И баба ми цел живот си го бараше родното место, дедо ми умре со желба и мисла дека ќе се вратат, не сакал ни да чуе да остане овде И јас толку знам како тебе, да бројам и некое зборче, а жената толку имаше желба да не научи мене и брат ми.