И јас сум православна христијанка. Спојлер Но Дали некогаш сте се запрашале зошто сте православни христијанки? Некои од нас не веруваат во Бога, некои незнаат што е тоа христијанство а некои веруваат во христијанството. Јас сметам дека ако родителите се христијани не треба да значи дека и нивното дете треба да биде тоа. Зошто? Секој човек има право да верува во она што сака. Знам дека никој не ни го одзема тоа право и во секој момент можам да отидам и да си ја сменам верата (не дека сакам, само давам пример) но сепак мислам дека треба детето односно човекот кога ќе биде доволно зрел да си ја определи својата вера. Немојте да ме сватите погрешно. Јас верувам во Бог и верувам во мојата религија - христијанство, но сепак целиот тој процес ми е некако несватилив па мислев да го искажам своето мислење. Ве молам не ме осудувајте
Со оглед на тоа дека духовната заедница чие учење го прифаќам нема ритуали на крштевање, иницијација и сл. ниту членство и членарина не можам да речам дека технички припаѓам, но како духовно убедување го прифаќам учењето на Прахристијанска заедница - Универзален живот. Спојлер Понекому ова е непознато, па накратко појаснувам: Следбениците на оваа духовна заедница се нарекуваат и прахристијани или Христови пријатели. Карактеристично за ова учење е верувањето дека Бог денес повторно говори т.е. се објавува низ пророчка уста, верувањето во реинкарнација, верување во законот на причина и последица(законот на сеење и жнеење), вегетаријанство од етички причини, централна основа на учењето се десетте Божји заповеди и Исусовата Беседа на Гората, а Христос се смета за единствен спасител на сите луѓе и души преку кого сите еден ден (некој порано некој подоцна) ќе се вратиме во Небесното Царство бидејќи, тоа е нашата првобитна и вистинска татковина.
Православна христијанка. И не, не ми наметнале моите ни некој друг, него јас така сум си сакала. И се гордеам со мојата религија.