Таквото мерење на полови органи преку буквалистичко читање на деривативни книги проаѓа само кај логички неписмени.
Го бришеш искуството на огромен број жени што не смеат да зуцнат а камоли да извадат марама, само затоа што веројатно ти си растена во полиберална средина каде што марамата е избор како и се друго. Извинете за две мислења едно по друго
Ах. Да. Глеам, пишува тури бурка, прст да не ти се гледа. Каде пишува дека жената треба да е покриена? Cloaks, veils и сл., нормално е за годината кога е напишан Куранот. Немало haute couture тогаш. Не е од 2021 па да пишуе, абе блуза носи, шлапни сукња и терај. @Angie1432 Има. Не ги исклучувам. Зборам за жените кои типов ги гледа во марама, а се осмелиле да се нашминкаат. Не му одело 2 и 2. За муслиманските држави и правила не навлагам, тоа е длабока тема и со многу работи јас не се сложувам и не ја наоѓам логиката.
По таа логика и свинско треба да јадеш, пошто санитетските услови денес немаат никаква врска со санитетските услови во таа година.
Туѓи гревови: 5. Дозволување другите да грешат. Тоа го пишува во една Православна книга што ја читам. Да не дрдорам многу туку само ќе кажам дека мора да се покајате за тоа што сте изгубиле надеж во Божјата милост. Голем е Бог, ќе ви прости. Упатете се на прав пат. Што се однесува до темата, јас сум Православна Христијанка.
Сатанизмот инспирација влече директно од христијанството/библијата. Се е тоа секташење, дел од истиот "божји маестрален дизајн".
Како што гледам почнуваат сите да се караат ... Јас сум христијан ти си протестант ти си секта ти си секташ итн и други погрди зборови .....
Прашањево на темава наликава на она кога ќе ги прашаат децата.... ти бе дете чив си? Оние што се изјасниле на која религија ПРИПАЃААТ се како мали дечиња. Треба да пораснат, па да кажат сите религии нив им припаѓаат, а не тие на нив.