„Роден“ како христијанин, по убедување сум агностик. И немам проблем да почитувам секакви и сечии религиозни убедувања. Напротив, ги сметам за многу интересен човечки феномен.
Агностицизмот е филозовско убедување дека вистинитосната вредност на тврдења за постоењето или непостоењето на божества, но и други религиозни и метафизички тврдењане, не може да се утврди ниту докаже.[1][2][3][4] Агностицизмот може да се дефинира на различни начини, а и понекогаш означува сомневање или скептичен пристап кон прашања. Во некои смисли, агностицизмот е став за сличностите или разликите меѓу уверение и знаење, отколку за некое специфично тврдење или верување.
Грубо објаснето... Агностицизам е гледање или верување дека постоењето на Бога, боженственото или натприродното не може да се спознае, или дека човечкиот ум нема доволно рационални темели, и способности да го потврди неговото постоење или непостоење. И веќе, ако те интересира, во детали, за мојот став, на шега велам дека јас се сметам себеси за „симетричен“ агностик, ниту верувам дека Бог постои ниту дека непостои, но, и верувам дека ни науката може да нѐ донесе до некакви суштински одговори за постоењето на што било , туку само ни помага прагматично да се „снаоѓање“ со предизвиците што ни ги наметнуваат настаните и светот. Ова, секако е поразлично од атеизам, кој експлицитно негира постоење на Бог, на боженственото или на натприродното. Најкратка дефиниција, агностиците се скептици во однос на постоењето или непостоењето на нешто што е натприродно (надвор од природата), но, и не негираат дека може да постои нешто такво, туку едноставно дека неговото спознавање, за нас луѓето е недостапно.
Молам. не можеш сѐ да знаеш. Затоа е добро човек да праша, може некој ќе му одговори и ќе научи нешто.
Погоре сум напишал, „според убедување сум“ агностик. Дополнително, не сум тука за да се оправдувам или да водам битки, туку едноставно да споделам. Можам тука страници да напишам за историја на религијата, за цивилизации и верите, теологија, историја на религии, социологија и филозофија на религијата, антрополошка и психолошка основа на верувањето, неврокогнитивна заснованост на религијата и продонесот кон психичката благосостојба, статистичка дистрибуација на вероисповестите, што значи да си верник воопшто, итн, итн... Но, не сум тука за тоа. Можеби другпат и на друго место. Може ќе коментираме и на други теми. Убав ден за тебе и сѐ најдобро, во меѓувреме.
Темата е „На која религија припаѓате?“, не твоето убедување. Според мене ти си атеист што пробува да се затскрие зад некој си агностицизам. Но тоа во друга прилика и на друга тема.
Многу ми беше тешко да го формулирам ова. Не го сакам зборот Бог, јас велам универзум, ама тука го употребив. Бог е љубов. Ама не би знаеле дека љубовта е љубов, ако не го тоа релативизираме. Затоа Бог создал физичка креација со два поларитети: љубов и страв. Сите постапки на луѓето се резултат на љубов или страв. Сите ние сме Бог, души, кои одлучиле да се инкарнираат во физичка креација, ама кога се родиме забораваме на тоа. Целта на нашиот живот е да се сетиме кои сме навистина и тоа да бидеме: љубов. Ние сме само физички дел од целината. Креираме со нашите мисли и имаме комплетна слободна волја. Бог не осудува ничија постапка. Не постои пекол, не постои казна креирана од Бог затоа што Бог не може да биде одмаздољубив. Се што сме создале до сега, се што се случува е резултат на колективната свест, ама индивидуално одлучуваме како ќе реагираме на тие колективни кокреации. Бог комуницира со нас преку чувствата. Ако се чувствуваме добро, во склад сме со нашата душа, ако не се чувствуваме добро, треба да ги менуваме мислите за да дојдеме во склад со нашата душа. Не постои извор на злоба, не постои ѓавол. Сите лоши постапки се резултат на идентификација со егото. Апсолутно било кој може да мисли дека сум луда, мене ова верување ми донесе мир, и тоа е тоа.
Лично, не мислам дека си луда. Мислам дека спиритуалноста е индивидуална, интимна работа и до неа се доаѓа низ годините искуство и начинот на кој ја перцепираме реалноста.