Немам чувство на припадност кон религија. Религија не ми нуди потребни т.е. проверено точни одговори за човекот и неговата положба или удел какви што наоѓам најмногу во генетиката, психологијата, социологијата. По прашањето "Господ" сум агностик, а Абрахамските религии ми делуваат повеќе како Middle Eastern планови за доминација.
Јас сум православна христијанка и го сакам секој ден. Секој ден ми е убав и посебен како и секој празник.
Немам проблем ни со атеисти ни со агностици, сум седела на иста маса и со декларирани сатанисти но мислам дека најстрашно се осудени христијаните, кога ќе кажам дека сум христијанка ко да сум им ја убила фамилијата ме третираат некои.
Од секогаш е било така, еве погледни ги житијата на светителите најголем дел се измачувани зошто се декларирале како Православни христијани
Религијата догматски како институција не ја подржувам.Колективот е само на име иако верниците се сите различни,за тоа најголема заслуга има психологијата и генетиката.Ја сакам духовноста,има многу што да се научи и да се примени во животот