Ау само колку замерки имам за таксињата во Штип! Катастрофа ! Неможам воопшто да се пофалам а за верување? Ма јок. Сите се чудни, во секој момент очекуваш нешто да се случи.
I jas sum od prilep i iskreno da vi kazam ne prebiram so koj ke se vozam nekogas so 1595,1555,1571...samo gledam da me odnesi nekade kade sto treba
Од скопскиве со Делукс, со години се возам со нив, секогаш биле коректни и таксистите и диспечерките. Ниту во најголеми гужви не ми утнале позив, секогаш се за толку време колку што ќе кажат и не лутаат по адресите ко со некои други компании што имам искуство...инаку се имам искарано со скоро пола компании во Скопјево од што биле многу професионални Колите секогаш им се супер, чисти и од внатре и од надвор, дури и на дождови и снегови, не сум видела несредена кола или таксист да пуши внатре, па дури и на фолкерски радија не сум налетала, што особено ми значи да не ми завива некоја третокласна певаљка дур се возам. Не се расправаат ко улави на радио станица и знам дека доста се строги во компанијата, веднаш ги казнуваат ако направат некој пропуст со којшто навредиле/оштетиле некој патник и сл. Е маана им е што немаат секогаш коли, преголем замав земаа другиве компании што работат на плата и од тогаш потешко наоѓам за празници или во поголеми гужви. Тогаш ги викам Глобал затоа што знам дека скоро секогаш имаат слободна кола и исто така одржуваат хигиена на возила, за кратки релации до 2 километри се и поевтини, ама слабо стојат со адресите и со бројките, секој пат без исклучок ме чекаат некаде на погрешно место, па мафтам ко будала по улица. Тоа би било тоа. Од улица не застанувам никогаш, а за другиве градови поим немам. Уствари во Велес сум се возела неколку пати, ама сите ми биле исти и со цени и по изглед, а знам дека се повеќе компани.
Се возам со Глобал иако гледам дека за нијанса се поскапи. Пријатни ми се возачите, убави им се колите, чисти и речиси секогаш имаат кола барем во мојот реон. Пола возачи ми се комшии Од било каде ако треба да фатам такси, а се наредени еден куп ако нема Глобал се качувам во Ројал или Ин, бидејќи и двете имаат попуст. Арно ама таму не ми се секогаш фини возачите и никогаш немаат ситно. Во последно време ако се возам на подолга релација ги викам Пулстар бидејќи имаат ненормален попуст. Не им се убави колите ама па возачите не прават муабет, знаат некогаш цигара да запалат, но не им замерувам.