На Т-mobile сум на постпејд и не сум ич задоволна кога ке ми помине договорот веднаш се префрлам на VIP бидејки со сите е безпари и се убиеш зборејки за 500 денара претплата.
Да ве прашам точно ли е дека на ВИП мрежата била ептен слаба мислам си имам број ама немам забележано вакво нешто ?
Јас сум на ВИП и немам приметено такво нешто до сега, дека им е слаба мрежата или пак да ми снема мрежа. Инаку сум презадоволна, на при-пејд сум, ставам 230 ден кредит и зборам 1000 бесплатни минути со 3 броја цел месец. Топ понуда!
Бев на Т мобиле ама поштено ме ограбуваа. Во месецот ставав по 1200 ден кредитит и се немав па затоа се префрлив на ВИП и веќе неколку месеци сум и сум задоволна
Зависи каде се наогаш има места каде што е слаба и прекинува не се слуша но тоа е на некои високи места или некои ''дупки''
јас сум на ВИП и сум презадоволна. Јас сум на топ тарифата и порака ми е 2 ипол денари,а повик 6 мислам и секоја наредна минута ми е по 2 ден. До сеа не ми паднала мрежата, ниту пак ми била слаба.
Бев на Т-mobile .. ама ме ограбуваа нон стоп..се сменав сега сум на VIP..и баш сум задоволна имам бесплатни минути со цела мрежа на VIP..со мојте најблиски зборам бесплатно..супер ми е
На VIP,One и на T-mobile на пост сум на сите три и ко некоја сељанка се осеќам кога треба да ги извадам мобилните....ама на Т ми е службен ,на Вип сум од пред некое време бидејќи Оне ме уби со сметките.
^може ако си стар корисник,па затоа Јас сум на T-mobile(посебна тарифа) и VIP(мислам сите дека се ) и си правам муабет и си немам мн. гајле со сметки
Од бројот на т мобиле сум задоволна на претплата сум година ипол...никогаш не ми стигнало сметка повеќе од тоа што треба, претплата ми е 590 и редовно е така дури и не ги дотрошувам па се префрла за наредниот месец. Сега ќе си земам и ново телефонче...едвај чекам. Имам и на вип, припејд али додека зборам многу ми се губи, сецка, а имам приметено дека и на т мобиле коа ми врти некој од вип исто сецка..а од т мобиле не.... Во секој случај се додека мие ок, супер, а ако нешто не ми се допадне одма барам излез....
На ВИП, и многу ми е убаво што си го сменив бројчето...сега ми го имаат само десетина најблиски луѓе, раскрстувам со минатото јеаах А мислам сите знаеме за бесплатните минути хуху се убив од зборување, а плаќам само за претплатата 300 денари.. МИЛИНА.
и јас ги пробав сите оператори и сега сум на вип и сум најзадоволна од сметките се утепав од зборење на телефон а мали сметки,баш се по моја мерка
Оне и тоа од кога знам за себе.На пост-пејд сум и си имам бесплатни минути секој месец и другаките беа на оне и можев да си зборувам до бескрај.Сега ги удари филм нешто некои се на т-мобиле некои на вип.. Немам со кого да зборувам веќе