Строго VIP Задоволен сум од овој оператор (само некогаш мрежата знае да направи проблем). Инаку имаат многу добри понуди. Бев 2 години на пост пејд, па потоа се префрлив на при пејд (веќе цела година) и ми е супер. Си активирам опција НЕДЕЛА и немам гајле. 500 минути за 79 денари, мислам...што повеќе
Хм, женски зарем нема на интернет детално за миниутите колку и каде ги имате потрошено? И јас сум на вип, ама не обожавам многу зборување на моб, само по потреба и до сега ги немам потрошено никогаш минутите, не сум ни имала потреба да проверувам. Ама знам дека другаркиве на нет редовно проверуваат колку имаат потрошено и уште колку имаат за зборење. А скоро и сум сигурна дека има и детално каде си ѕвонела и колку траел разговорот. Така да крадењето тешко иде....
ONE премногу сум задоволна....сите мои блиски се на оне и баш ми е супер...бесплатни секоја неделаа....топ...
T-Mobile ! презадоволна, откако ке ми завршат бесплатните смс, имам и 2-3 после што ми се бесплатни, па и мојот т мобиле користи сестра ми (јас се збркнав со лозинката), добивам бонуси по 50, 100 денари, и така
После 5 години користење на Т-mobile од кој делумно бев задоволна, едвај се убедив да купам број до Vip и сфатив дека воопшто не сум требала да бидам задоволна од T-mobile. Vip е многу поефтино, се поголем е бројот на претплатници на Vip што значи можеш за ефтини пари да збориш колку сакаш со цела Vip мрежа е не ко од T-mobile само со 3ца. Единствен недостаток кај Vip е мрежата, не дај Боже да забегаш негде... мрежа слабо или паѓа ако разговараш подолго... ама не е страшно А да користев неколку месеци One (поточно Cosmofon беше тогаш) и воопшто не бев задоволна, никаква услуга. Скапотија невидена, едвај чекав да сменам број. Можеби сега сменето е важно порано беше катастрофа.
T-Mobile и VIP и дури откако го купив бројот на VIP сватив какви крвопијци се овие од Т-Mobile. Единствената причина зошто сеуште влечкам втор телефон со мене со бројот на Мобајл е бидејќи тој број ми е ставен во сите апликации за работа. 21 век, а тежок луксуз е да направиш 3 минути муабет со таа фирма бе. ВИП му е мајката
На One сум скоро 6 години и ептен сум задоволна,сега имаат одлични понуди,бесплатни минути,бесплатни пораки.. добри се и имаат јака мрежа то мие најважно
бев долго време на т-мобиле и си бев задоволна 3 ден порака за мојот круг 5 ден на останатите чак и надвор од Мк...минатото лето што гавол ме дупна јас земав број на вип....и НЕ СУМ ЗАДОВОЛНА НИМАЛКУ...пракам порака на дечко ми во сло оп 8 ден.и нешто :О колку се само досадни откако ке дополниш кредит сто пораки ке ти стигнат од нив...и најмногу од се ме изнервира што со помалку од 40 денара неможеш ни да титнеш во Словенија...и така фино лепо ја скршив картичката и отидов си надополнив кредит пак на т-мобиле....сега сум си на туш-мобил и ми е екстра за 1 евро 3 мин. разговор во Мк..дека балкан тарифа е и стварно е супер....
One. Порано бев на Т-mobile, овај Мобимак , ама го откажав тој телефон затоа што имам одговор со One.