Не би се согласила, и јас сум на ВИП затоа што е најефтино, но мрежата им е за никаде... Самата си се слушам кога зборувам, не се разбирам некогаш со соговорникот, мрежата ми кочи, не се слуша... Најубави понуди, но мрежата КРШ
T-mobile. И тоа од кога сум почнала да користам мобилен, до сега го имам истиот број. Веќе 8-9 години..
VIP припејд-најефтини се,чат-пат има проблеми со мрежата но тоа се поднесува повеќе отколку кога ќе ми дојде сметката од Т-mobile а знам дека не сум зборела толку од тој број
Ако најдете погага од вип, да ми титнете. Се утепувам од зборење, не трошам повеќе од 350 месечно. Незнам за One, но на t-mobile не можете да зборите за 350 денари ,со 2.5 порака кон сите мрежи и плус бонус. И јас до пред некој месец фрлав пари буквално за џабе, ама се опаметив. Да ни потрае вип што е можно повеќе
Прво бев на т-мобиле ама не бев задоволна. Некако за кратко време кредитот ми летнуваше. А сега на оне е друга прикаска. Зборувам без осет за 100 ден а и + кредит ми останува.
Исто и јас на припејд Т-ограбивме имам еден и на претплата на Оне. А овие од Т-мобиле па стварно претеруваат. Пред некое време отидов во трговски да се жалам за услугата 50 бесплатни минути мистига поака оти имам а едно звонење и ми отиде и тој кредит што го имав. Пред мене ’чекаа неколку луге со иста мака на сличен начи ограбени. На едниот му вика сте пракале пораки на наградни игри, после имаше една Гевгеличанка и и вика роаминг ти се вклучил кога си ѕвонела, кај криви па уште будала ја прават. И јас се изнервирав таа вработената ме прашува што ми треба и викам вака ’’ Кога влегов сакав да прашам нешто за минутиве бесплатни, ама по ова лажењево ваше што го слушнав се предомсилив. Дајте ми пук код ако има од бројов да се префрлам на друг оператор, ако не може тоа, земете си го бројов со се ’’бсеплатни’’ минути за викенд’’
Бев на Т-мобиле, мислам дека ме поткраднуваа, сега сум на Вип и сум многу задоволна зборувам бесплатно со цело семејство и пријателите кои се на Вип а ги има многу...
Јас сум на Т-Mobile на постпејд,не е совршено,ама со цело семејство можам колку сакам бесплатно да зборувам