На ВИП сум, и сите мои блиски со кои секојдневно комуницирам се на ВИП, па бесплатно ни е. Минатиот месец имав сметка од 35 денари! Мизерии хехе јас сум задоволна, макар што ако си на сметка има шанси да те поткрадуваат (не викам за мене татко ми се жали) ама тоа се случува со сите мобилни оператори денес, сепак мислам дека ВИП е најефтина опција
VIP..задоволна сум... со овие бесплатниве минути и пораки ептен ми завршија работа... Имам бројче и од ONE но тоа го користам само за разговори со моите дома и не знам какви понуди имаат но секако си останувам на VIP
Порано (т.е. сеуште) имам број на one а сега имам и на vip, не,можам да ги споредам зашто едниот ми бесе на картичка, а другиот на сметка
Oткако ми купија телефон во 1во одделение до 7мо цело време бев на Cosmofon/One се додека не ми го украдоа телефонот кој ми беше стар 1 месец и пратен од Холандија. Од тогаш па наваму сум на VIP.
ONE ... али уште малце да измине договорот и ќе си земам на VIP,оти претежно со тие што стално контактирам се на VIP
Девојки верувале или не значи ги имам пробано сите мобилни оператори,бидејќи имав така некоја навика секој месец или некогаш на два месеци да ги менувам телефонските броеви,и така сите ги имам пробано.Е сеа бидејќи малце понараснав и веќе две години сум претплатник на ВИП и сум премногу задоволна
На T-Mobile. Али и јас не сум баш задоволна. Крадат и тоа многу. Ми стигна порака имате 150 бесплатни пораки, и јас си почнав да си праќам ( на тие што се T-Mobile корисници нормално ). После 4-тата порака ми стигнува кредит и + како да не сум пратила четири пораки туку 40
На вип сум и сум задоволна.Само имам една замерка ,мајка ми пред неколку дена ми стави кредит и стигаат 2/3 пораки од вип од кои во едната пишуваше дека имам 50 бесплатни пораки.И јас праќам пораки и тоа на вип корисници и кога гледам помалку кредит,па нели имав бесплатни пораки ?
Моментално сум на One, и веќе 6ипол години го користам истиот број. Барем некакви бенефиции да добиев што толку долго сум им корисник, а не само да ми лупаат некои чудни тарифи за повици „Вашиот последен повик траеше 8 секунди, вашиот последен повик чинеше 7 денари“ „Вашиот последен повик траеше 52 секунди, вашиот последен повик чинеше 7 денари“ Е ај сеа... Изгледа по минута наплаќаат. Единствено аир од нив видов со бесплатните пораки за време на викенд тоа лето 2006, го раскантав телефонот од пишување. Друго ништо. Затоа сега размислувам да си го задржам истиот број, ама да се префрлам на Vip. Па сите дома да мигрираме кон Vip и да имаме бесплатно меѓу себе. Со ова One да ти е страв да се јавиш...
Откако имам мобилен верна сум имам на Т-Моб, од пред една година си земав и Вип да ми се најде. Супер функционираме како тројка