Циклама, црвено или портокалово? Верувајте, сум ги пробала сите, во повеќе наврати. Од почетокот на мојата мобилизирана кариера, сум со припејд-Мобимак, го чувам бројот до ден-денешен, со тоа што доколку не ги користам услугите бесплатни пораки и Мојот круг, го е*ав ежот. Страшно ме нервира и задолжителното дополнување месечно за да го храниш бројот да преживее. 200 денари - 1 месец! Кај се видело бе? За 600 денари за 3 месеци, ќе се сликаме со темперни бои. На останативе две мрежи, со стотче фураш цела година. Космофон-припејд - драпање муда, во изворен назив. Добивате олку за само толку, еднаш се јавиш и немаш кредит. А минутите што ги активирав? Потрошени се! За еден ден? Па така пишува тука. Сум имала број од црвениве ако сум купела припејд пакет со телефон од салоните на Германос, Космофон или Импулс, потоа и Оне, сум го користела со надеж дека нешто ќе се смени, и се сменувало, да, на полошо. Најнепрепорачливо според мене, ОНЕ! Еднаш дури ми се случи да дополнам 250 денари, со надеж дека ќе ми следуваат 400 бесплатни минути кон цела Оне мрежа, кога на сметката добив 180 денари. Со желба за тепање се упатив кон Оне салон да прашам која боречка вештина ја преферираат, ми објаснаа дека сум имала во минус влезено минатиот пат, и ми беше објаснето дека тоа е совршена опција на нивната компанија, кога ќе немаш кредит да можеш да користиш, па подоцна да надоместиш. А порано кај беа да кажат блажените кои работат за народот? За крај, Вип-постпејд. Претплатник сум на Вип од пред два месеци, претходно имав 2 годишно непостојано припејд искуство. Ја искористив понудата за двојно повеќе разговори, имено 2000 бесплатни минути кон цела Вип мрежа и 200 бесплатни минути кон останатите мрежи во земјава. Го префрлив припејд бројот по постпејд, си зедов одличен телефон со доплата од 999 денари и досега сум супер задоволна од целосниот третман. Сума сумарум, Т-мобиле припејд и Вип постпејд се мојот избор, со тенденции за откажување на првиот од секому познати причини, т.е. додека секој биде информиран за измените и дополнувањата.
Сите сум ги пробала и можам да кажам дека од никој не сум задоволна сите крадат на ваков или таков начин. Сеа за сеа имам две картички.. едната на вип за бесплатните а другата на т.мобиле на пораките. како и да е знаат и од бесплатно да кратат а за пораките да не зборам ама ајде ќе прогледаме низ прсти никој не е совршен а они жевеат од тоа.
ви ај пи малце ме изморуваат со тие известувања ама има бесплатни и сите другарки мајка ми и сестра ми ми се на вип. тато не ми треба
кога прв пат започнав да користам моб бев на t-mobile( мобимак ) и после неколку месеци се префрлив на cosmofon (one). Доден денес сум нивни верен корисник но имам и број на vip. супер ми се и двата оператори!! за крадење сите крадат
ONE ftw прво си бев при-пеид 100че месецо крцкај си 500ки можиш цела година да ги користиш (вака си фурав 3-4 години), после имав број од T-Ebale (што всушност буквално те ебале) се случуваше за еден разговор од минута и пол до две да ми земе и до 40-45 денари така терав 5-6 месеци и лани пред нова година back to black ONE post paid со дедо мразот кој цела година ви подарува зборував многу повеќе од било кога претходно кога сум била на при пеид и платив НУЛА цели 12 месеци сметката ми идеше нула овој 13ти месец дојде претплатата 236 денари, VIP не фала од туѓи искуства тро замина на кај граница имаш 200ки на сметка ради грчка мрежа на водафон без ни А да кажеш во разговор пуштаат напумпани сметки и коа ќе оди да се караш демек добро на наредните сметки припишаниот износ ќе биде минусиран се на се срање . сите крадат да ама ко ќе имаш усул помалку се забележва
Во Мк на сите имам број па кој ми одговара,тој го користам,Вип најмногу.А во Бугарија нај ми се исплати на Глобул, на постпејд и имав 2000 мин кон тамошните броеви,а и кон 3 македонски фиксни,само требаше да го пишам на бугарски граѓанин.А имам и еден припејд тој беше летна понуда со многу пониски цени кон странство,затоа го зедов,е за него не требаше бг,тој е на мене пишан.А другите оператори немаа такви понуди и не ми одговараа,а за таму имаат убави.Ама ме нервираа,сите заебаваат и те убедуваат,значи да не можиш да ги откачиш ко ќе треба да обновиш договор,а за да ти го откажат триста глупости ќе направат и одвај да можиш да го откажиш.Особено тие м-тел биле такви,другите кажуваа.Во точен датум и време требало да го откажиш.Така,ова информација да знаете ако одите таму
На ВИП и конечно буквално зборувам колку сакам, а плаќам прифатливи сметки. На онаа тарифа сум каде што имам 1000 бесплатни минути кон ВИП, а плаќам 295 денари месечна претплата, повеќе ја нема оваа тарифа, а супер е
Претплатник сум на Вип, а претходно бев на т-мобиле. На Вип имам само една замерка тоа што повремено ми се губи сигналот и ми сецка. Во однос на се останато сум презадоволна од Вип. Постојано зборувам, а плаќам смешна сума во однос на зборувањето. Додека бев на Т-мобиле плаќав многу повеќе, а пак немав толкава слобода во зборувањето. Сега засега Вип не ги мењам
Сега сум на One и засега задоволна сум, а претходно бев на t-mobile каде што бајаги поткраднуваа, па се откажав од нив
T-Mobile П.С. Нема ли опција да се отвори анкета за темата? Така би можеле посликовито да ги видиме резултатите
Имам два броја, еден на Vip, друг на Т-mobile.. Задоволна сум си, мада боље си е Vip некако, да се изназбориш на раат