Јас сум на Оne, има некој што е на при пејд на Оне и има интернет на телефонот? Ме интересира како се наплаќа за интернетот, од кредитот што се надополнува стандардно земаат и за интернет или ... како? Некој со активиран интернет во при пејд имат?
T- mobile. Со оглед на тоа дека немам навика по 5 саати да зборувам на телефон, задоволна сум. Имам бројче и од VIP, ама само со дечко ми зборуваме. Бесплатно му е.
Вип многу се нервирам секој месец ги частам по 300 ден ако претходниот месец закаснам со плаќање 2-3 дена.Па алоо не зема секој плата на 15
И на ВИП и на Т-мобајл, што јас уште си го викам Мобимак ВИП заради бесплатните минути, а и сите имаат ВИП. Т-Мобајл, затоа што ми се први Го имам истиот број уште од 2002 и не се откажувам од нив, иако ништо не нудат..
девојки кој дукументи се потребни за да се стане претплатник на ОНЕ ме мрзи да барам на страната уште 2 месеци сум на претплата на Вип и ми завршува договорот воопшто не сум задоволна мрежата нула а и луѓево за мене лопови се 1 ден закасни со плаќањето 300+ несалам работа
Веќе неколку години сум на t-mobile, ама планирам да се префрлам на вип, има многу бесплатни минути, пораки бла бла Само уште телефон да си изберам, па таман
Мене ова ми е ептен интересно. Сметката стига околу 1ви. Има до 15-17ти средината на месецот отприлика плаќање кое го пишува на сметката на вип. Се одложува уште 10 дена отприлика, потсетување со смс и тоа неколку, со јавување од оператор и на крај 25 до 30 дена откако креирана сметката и луѓето имале време да се плати се исклучува линијата во еден правец. Тоа исклучување е или кога ти завршува следниот месец или кога веќе ти стигнала сметка и за следниот месец. Не е 1 ден туку реално тоа се најмалку 25 дена време за плаќање А деновиве мрежата е од крш покрш. Оне антиреклама имаат, ама секоја реклама е добра реклама Еве ти за оне http://www.one.mk/default.aspx?SectionID=75&pos=1 Среќа имаме 3 со надеж за 4ти оператор кој требаше одамна да функционира. Не е монопол како некогаш па да се жалиме, имаме избор и тоа на 2 милиони жители 3 оператори е и повеќе од добро. Има држави со 5 пати па и 10 пати повеќе жители од нас и па имаат 3 оператори.