Т-мобајл, телефонот ми е кодиран. Катастрофа. Наместо 5, секоаш ми зема 10 денари за порака..за повик да не збориме. Крадат у највише.
На Вип за жал и постпејд за жал и ќе морам да бидам уште една година додека не ми заврши договорот а после тоа одма ги мењам. Абре лопови невидени се па уште со она рекламине ЗБорувај за 0 ден -мижи асан да ти баам,на крај ко ќе дојде сметка 200 ден за интернет а никад не сум се пуштила од тел. и НАЈИРИТИРАЧКО од се е тоа ако им закасниш со плаќање еден ден ооп др месец + 290 со ддв А да не правиме муабет за тоа колку се арогантни тие од контакт центар и вработените
Размислувам да се претплатам на one, сега сум при пејд на one, не знам дали ми се исплати да склучам договор, не зборувам многу...
Vip и она мрежишЧено од такт ме вади. Не дај боже да мрднам надвор од Скопјево, одма порака од типот: Вип ви посакува пријатен престој во Бугарија, Албанија, Грција понекогаш и подалеку ги фаќам Шала на страна, навистина е катастрофа мрежата...
Ахаха истото ми се случува. Само ми се има случувано и со многу подалечни држави, еднаш за Мароко ми стигна Инаку, ме нервира мрежата, ама најефтино ми е, па не ми смета толку.
мојата работа е таква што морам да бидам на сите оператори меѓутоа сега не користам многу мобимак бидејки моите муштерии користат ВИП и ОНЕ