На Т-Mobile сум на сметка со години.Бидејќи сум долги години нивни корисник (т.е целото мое семејтво) секоја година имам се повеќе и повеќе поволности и многу сум задоволна.
Кога немаш кредит, можеш да ја искористиш новата услуга SOS Кредит. Услугата овозможува да примиш кредит од 30 денари на твојата сметка. Сè што треба да направиш е да пратиш SMS со содржина SOS на бројот 144333. Доколку твоето барање е потврдено, 30 денари SOS Кредит ќе бидат префрлени веднаш на твојата сметка, по што ќе добиеш SMS известување. При следното надополнување од твојата сметка ќе бидат повлечени добиените 30 денари, како и 5 денари за пратената порака. За да пратиш барање за SOS Кредит, потребно е: - да имаш направено најмалку 2 надополнувања во последните 3 месеци - на твојата Vip Припејд сметка да има преостанато најмногу 5 денари - сите претходни SOS Кредити се подмирени. Напомена: - Услугата SOS Кредит може да се користи еднаш меѓу 2 надополнувања. - Услугата е достапна за сите Vip Припејд корисници. - Услугата SOS Кредит не е достапна во роаминг
Јас сум на T-Mobile,на сметка т.е. цело семејство користиме T-Mobile и многу сме задоволни од услугите.
Бев на ВИП, две години, и ми стигаа ненормални сметки. Решив да сменам, не ќе да е секој месец да имам над 1000 денари сметка, коа не ѕвонам толку многу, ниту пак ги надзборувам минутите. Сеа зедов на Уан, новава понуда 5000 што, па ќе видиме. Мислам, одлична е понудата, најмногу ми е за 5 гига интернет, плус 5000 пораки, оди па дотроши ги да те видам. Мрежата им е одлична, за разлика од Вип кои се уште немаат 100% покриеност и им паѓа постојано. Да не можеш асално муабет да направиш.
Претплатник сум на ВИП и искрено до сега сум презадоволна се здробив од зборување за само 600 денари месечно,е сега сум малу во дилема бидејки и во ОНЕ имаат многу добра понуда,но не сакам да се префрлам само поради што скоро сите ми се на вип инаку воопшто не би размислувала.
Да прашам нешто дали на вип може да се направи сметката да стигнува електронски, а не на домашна адреса? Има таква опција?
На сите три. Од сите три имам по еден број и така си ги групирам и контактите Пример на работа или на факс пред да земев број од некого одма: -„На кој оператор си?“ -„ВИП. (пример)“ - „Чекај сивиот телефон ми е у ташна, дај да запишам.“