Јас сум на Т-mobile доста долго време и бев прилично задоволна али неможам да кажам исто и за оваа година. Прво, лани имаа некоја добра понуда покрај нова година и порачав телефон и ми рекоа да чекам една недела за да го добијат, не е битно јас чекав некои 4-5 месеци и на крај добив одговор дека го нема телефонот воопшто. Порачав друг модел го земав и после 3 дена го пратив на сервис зашто немаше мрежа, и така си чекав уште 2 месеци, и сега нема ни година како го користам не се вклучува. Дефинитивно ке идам ОНЕ, доста ги фалат
На ВИП и баш сум задоволна, мама има бесплатно кон мене, сестра ми исто, со тато контактирам преку мама , една од другаркките е на претплата на сите ни се јавува, кога ми треба нешто од кај нејзе се јавувам и вака кога ќе пресметаш воопшто не трошам
На ВИП..и овој месец ми ја одраа кожата со нивната глупава наградна роденденска игра...значи со самото тоа што ти легнале пораките на твојот број тие си земаат по 50 денари порака.За овој месец ми наклепале 1700 денари. Од понеделник ќе им поднесам приговор,па и до АЕК...
Вип. Другарките ги зезам: -„Си имам ја дечко, цело време ми пишува пораки, а јас го игнорирам! И знаете уште не ми раскинал!“ Овие возбудени прашуваат како се вика, а јас им одговарам: -„Мојот Вип, а ми се појавува пораката како Вашиот Вип.“
На Вип, еве скоро три години, ми одговара затоа што најблиските ми се сите на Вип па можам да се слушнам кога сакам и колку сакам Единствено што ме нервира е што им се случува мрежата да падне баш кога најмногу ти треба да се јавиш некаде
На оне и стварно сум мн задоволна ем зборам, ем плакам нормални сметки и имам мрежа баш секаде. Бев на вип и ми олесни од како го раскинав договорот. Прво мрежата им е катастрофа, за едно излегување се слушав по 10 пати во рок од 5 мин.Не дај боже па во странство да отидев, ко отсечена од свет нема шанси ни една едина порака да испратам. Епа не им плакам за таква мрежа ни минимална претплата. Второ немаат никаква деловна политика! Два дена не платам сметка од 500ден(буквлано) одма ме исклучуваат, па згора на тоа ми вртат по 100 пати на ден да платам сметка која ми е заостаната една недела и тоа сметка од 500ден. Плус не сум била корисник од вцера два пати го продолжував дог. Како да имам милионски долг па ме замараат, еднаш ми пукна филмот па ја отерав у пм вработената им. Значи мн сум изиритирана од оне. Се на се една голема катастрофа и нависитна не ми е јасно како досега никој не реагира од АЕК, мислам дека тие се надлешжни да превземат нешто. Не смеат да работат на ваков начин.