На One и сум препрезадоволна.. Зборам многу, праќам пораки, интернет користам.. па се до сега ми нема дојдено некоја ненормална сметка.
Се префрлив од Т мобиле на Оне, ехе мераци, неограничени минути и интернет, сега од рака не го испуштам телефонот
Уште од прв пат кога ми купија мобилен, јас сум на T-Mobile. Пред некоја година се префрлив на сметка, пред тоа бев припејд. Задоволна сум многу, немам намера да го сменам, сите дома сме T-Mobile.
На One сум и можам да ги "пофалам" дека 3G им е коска. А имам и на ВИП и од нив сум стварно задоволен.
На ВИП веќе 3 ипол години, али мрежата им е катастрофа и плус ова со награднава игра не исекоа баш добро,поготово ние што сме постпаид, од фактурине што ми стигаат глава ме боли...Планирам да се откажам или евентуално на припеид да преминам...
Ај да ги прашам тие што се на Т-мобиле, оти оној кретенон у Лептокарија во Т-мобиле не ме разбира дури и слог по слог кога му кажувам. Во новата промоција на Т-мобиле, кај цената на телефоните има опција за телефонот да го платиш со одреден износ на поени од Т-клуб плус доплата. Јас тоа го сфаќам имаш поени од Т-клуб, толку колку што треба и за да го земеш телефонот доплаќаш помалку (пак колку што пишува). Има некој земено телефон вака со комбинација од поени и пари да ми каже дали функционира вака како што го сфаќам?
ВИП но во последно време почнаа да го крадат кредитот. Сакам да кажам на пример ќе ставам денес кредит 100 денари нема никаде да се јавам а ќе ми земат 10 денари од кредитот
ВИП! Ми заврши договорот и одвај чекам да се оттарасам од тоа ѓубре! Во животот мој повеќе претплата-НИКОГАШ!
Тајгер, јас се заинтересирав за истото, бидејќи имав неискористени клуб поени од сметка, ама од фиксната телефонија. Се јавив на оператор и ми рекоа дека можам да ги искористам поените на таков начин, ама само ако отворам сметка на истото име на кое е ставен бројот од фиксниот телефон (татко ми), за да ги спојат двете сметки и така да ги искористам + да доплатам колку што треба. Мене така ми објаснија. Ама не ми одговараше, па баталив и си земав телефон од вип.
^ Чудо е колку се сложени операториве од секој поглед. Фала ти на одговорот, јас си ја земав новата понуда на Т-мобиле и си доплатив пристојна сума за убав телефон, поени изгледа пак на торби и усб-иња ќе ги користиме, ама не им давам да ми пропаднат.