Јас сум претплатник на Т-мобиле 5 год. и сум задоволна.Од при-пејд поминав во пост-пејд корисник со задржување на бројот.Цената на услугите е повисока од другите оператори,но барем секогаш и за секој си достапен,без вклучувања на поштенско сандаче и секретарка.Овој оператор е единствен што нуди каталог на подароци за претплатниците според висината на месечната сметка и освоените поени.До сега имам земено ранец,торба за на рамо,две спортски торби,куфер на тркалца и патна пегла.Имам земено само еден телефонски апарат со доплата при склучување на нов договор,а останатите ми се бесплатни.Во догледно време не планирам да го променам
Т-мобиле заувек. Мислам дека првиот број ми беше на Космофон ама после земавме телефони од кај мајка ми на работа и сите се префрливме на Т-мобил. Воглавно сум задоволна, мрежата им е одлична и во планина дури е доста стабилна. Кај мене многу голем плус им се оние поклони со поените, ако ништо друго којзнае колку торби и усб-иња имаме земено. Единствено ме нервира кога треба во салон да одам да се распрашам за нешто, премногу се бавни и не ти објаснуваат баш се'. Ама затоа по телефон кога ќе се јавиш се многу фини, дефинитивно повеќе се исплати така да се распрашаш. И тоа им е плус, поголемиот број од работите можеш и телефонски да ги завршиш. Брат ми има број на ВИП и јас не гледам некоја не знам каква разлика во цената која ја плаќаме. Кога он го земаше бројот, ВИП имаа никаков избор на телефони, додека кај Т-мобил мислам дека имаат поголем избор.
Деновиве ќе земам нов телефон на договор 2 години.Сите дома сме вип, на сите ние бесплатно и супер е се, ама читав мислења наназад дека имал многу лоша мрежа, интернет а и се дешавало отпоќе пари да ти земат во сметката, а јас покрај толку скап моб не сум во можност да плаќам уште.Му викав на тато да земиме од ОНЕ, ама он нејке, а и во право е , кажав погоре. Е сеа совет луѓе, не знам шо да правам.
На почеток бев на т-мобајл ама после дека многу ми крадеа го сменив и сеа сум на вип а си купив за другиот телефон бројче на џабест
јас сум на т-мобиле и сега сакам да си ставам бесплатен интернет и се јавив на бројот тој што треба да се активира и ни даде три опции и едната беше за интернет бесплатен за 7 дена и треба да ви стигне порака нешто дека сум го активирала дека имам или слично?
Јас сум на Вип,не знам што им е нив ми дојдоа 28 пораки со текст она да активирам SOS и да добијам 30 денари на сметка од кои подоцна ќе ми бидат одземени 35 денари,ама 28 пораки и тоа се една по друга
На Т - мобиле, до лани ме одраа сега некако супер ми се сметките. Имам и на ВИП ама тој го користам само за неколку најблиски, што ме бараат оти нели имаат опција
На ONE само поради причина што има подобра мрежа,за разлика од т-мобајл и вип тук,там се губи мрежата