т-мобајл, со години и години наназад...Може да се каже и дека сум еден од првите корисници, бев дете од 3-4 одделение и бев прв што има мобилен во класот Отсекогаш истиот број... Имам и при-пејд на ВИП ама веќе не го користам, не знам зошто... Упорно си вртам од овој кон ВИП и после сметката е огромна! Ама ете, приврзани сме фамилијарно со т-мобајл и не ни доаѓа умот да го смениме ))
т-мобиле и не сум задоволна на понудата е неограничено кон т-мобиле и т-хоме а јас ги плаќам и тие минути на вип бев до пред 2 години и не сум задоволна и од таму, мрежата паѓа никако неможат да те најдат достапен
На T-Mobile уште од првиот телефон на 4-5 години. Имаме пакет Family M и броеви имаме јас, тато, мама и сестра ми. На 1 и пол година мислам имаш право на нов телефон со попуст (некои и се бесплатни, зависи од тоа каков телефон). Има и подароци од освоени поени ние до сега имаме земено: торби/3, ранец, чаши (имаше некои со мечиња ми беа интересни кога бев мала ) ташна, перниче за патување... Секогаш има мрежа, има неограничено кон Т-мобиле и Т-хоме а 200 бесплатни минути кон другите мрежи. Па не планираме да го мениме. Супер е.