Вип. Катастрофа беа долго време, ама целата фамилија и повеќето луѓе со кои се дружам се на вип па не ги менував. Последниве месеци речиси и да немам проблем со мрежата, и интернетот е побрз
И јас сум на Т- мобиле, има бесплатни разговори кон сите мрежи, мах тв, тетка ми е вработена во т- мобиле.
Девојки ми треба ваше мислење.. На претплата сум на Т-Мобиле. И веќе 2 пати ми ѕвони оператор и ме прашува дали би сакала да се префрлам на сметка каде што би плаќала 590 денари ако се сеќавам убаво или 550 за неорганичени разговори кон сите оператори и интернет 2 или 3 гига. Само пораките би се наплаќале Некако убава ми беше понудата бидејќи искрено месечно исто трошам само понекогаш немам интернет на телефон, значи би плаќала толку колку што плаќам ама ке имам и интернет цел месец. Меѓутоа сите ме предомислуваат ми викаат дека секогаш ќе најдат причина да ми стигне сметката повисока и дека т-мобиле крадат. Дали некој може да ме советува подобро Благодарам