A1 припејд и Lycamobile. Мрежата знае некогаш скроз да падни и пак да се врати ама океј се. Го користам Lycamobile најмногу сега заради тоа што ми е потребен интернет и бесплатно разговори, иначе немаше да си го земам за втор број.
Јас сум на телеком и сум крајно незадоволен со мобилниот интернет. Неколку пати контактирав со нив, сменив картичка, но без успех.. При мерење на speedtest добивам резултат download 60, а upload максимум 20 многу често и помалку. Гледав на нивниот вебсајт брзина за 4г download 250 upload 50, но во зависност од локацијата може помалку. Ова кај мене е ужасно пробав на неколку различни уреди, на различни локации и повторно лошо. Веќе ми е неугодно да ги контактирам, а плаќам за добар интернет... Некој од вас ако можете да направете тест на 4г и да ја споделете брзината
Вие што сте на Телеком дали имате интернет? Wi-fi нема на телефон а телевизија си работи нормално, 4G многу е слабо. Некој друг ваков проблем или само кај мене?
Здраво! Ме интересира дали во Мк има флет интернет? Ќе бидиме 1 недела во Мк, а на мажот ми му треба интернет 24/7 поради работата. Или да си купи припејд број со, на пример, 20 GB нет. Кој мобилен оператор го препорачувате?
Здраво, Имам претплата во Телеком. Се соочувам со еден мал проблем. Во петокот платив сметка, а во системот на Мој Телеком ми стои дека сеуште не е платено иако на извод ми е процесирана трансакцијата. Искуство со ваков проблем? Благодарам
Велком ту д клаб. Искрено, ќе се истурам тука, пошто на пичкин живац ми се качија, понеспособна фирма од Телеком не постои. ТРИ години ги бркам за да праќаат хартиени сметки откако направив промена на адреса (кај моите дома), па после со триста маки да префрлам на онлајн плаќање, и на крај и на мој телеком еднаш стига сметка електронски, еднаш не. На крај ми се смачи (да не кажам нешто друго), и ги одјебав, све откажав, и телефони, и интернет и телевизија. Не се трпат. Пс. Обавезно оди во Телеком со доказ дека си платила, затоа што ако не отидеш, ќе ти наплатат камата за доцнење, па ќе треба тогаш да одиш да се објаснуваш, да поднесуваш приговор и само да трошиш време, бензин , штрапац, за нешто што неспособните таму прашање е дали ќе го исправат, па може ќе мора да интервенираш во Организација на Потрошувачи, и едноставно да губиш многу време и нервози.
Се јавив во контакт Центарот. Во ред испадна се за среќа. Инаку ако правиме споредба, тогаш А1 се полоши