Од мука земав припејд број на Лајка, другото е на Телекабел, зависи како ќе ти се погоди изгледа. Со А1 не планирам никакви односи Помаливе фирми барем малце од малце ќе се потрудат, другиве навикнати на монопол, ни тоа.
Имав дојдовен повик од контакт центарот на Телеком, односно 38970122, штом кренав , исклучија. Проверка нешто или ... Wtf
Треба да ги платиш однапред сметките и пенали се плаќаат за предвремено раскинување. До кога ти е договорот? Почекај нека ти заврши, оти скапо ќе те фати предвреме ако го раскиниш.
А1, и јас сум задоволна во глобала... Знае да има киксови ама брзо минливи се... Океј ми се сега за сега
Вие што сте на Т-mobile, како сте задоволни? За Телекабел читав негативни искуства, а сакам да преминам на друг оператор. И препорачајте (локациски) кај има љубезни вработени, за да знам кај да одам оти не ми се расправа со терсене луѓе.
A1 - 6GB супер брз 4G интернет, неограничени разговори кон сите мрежи за 499 денари со СИМ опција LycaMobile - 30GB (1GB на ден)/ 22GB (без разлика колку ќе потрошиш на ден) и неограничено се за 499 денари/30 дена. Мрежата е иста, различни се понудите.
A1 плус 20GB интернет бесплатни разговори према сите мрежи и смс пораки но само во Северна Македонија за 599 денари месечно супер брз интернет презадоволна.плус на секој 24 месеци кога вклучувам нов договор имаме поени кои може да се земе и нов тел.подарок од операторов.одамна сум кај нив 12 години уште беа one па сега А1
На телекабел мобилната е исто со необврзувачки договор и ја користат мрежата на Телеком. Можеш слободно таму да преминеш, префрлањето ќе те чини 236 денари, за 800 денари имаш 160 GB интернет и неограничени разговори кон сите мрежи или за 500 денари 10gB и неограничени разговори и СМС ако користите е 3 денари. Паркинг нема, специјални броеви и нема VOLTE оти е вертуелен оператор.