Да, стабилен е интернетот доста и мрежата е одлична, исто како на А1 да си исто само поефтино плаќаш. Пробај еден месец за 200 денари месечно зборувај и сурфај и ќе видиш колку се добри. А1 секаде ја зајакна мрежата ќе имаш супер брз 4G интернет, повиците одат преку 3G оти нели е виртуелен оператор.
Јас сум на Телекабел и сум многу задоволен. Не се каам што си заминав од Телеком пред 2 години. За мобилен користам Телекабел, а за интернет и ТВ користам Неотел, засега, но можно е и за тоа да преминам на Телекабел.
Mene nokeska me prefrli od T-Mobile na Albanska mreza so poraka welcome to Albania a jas vkrevet spijam Spremna sum za na more
Првиот месец кога се префрлив на Lyca ,мрежата беше хаос. Морав да го носам во база 3 пати телефонот за да го средат . Кај тие што бевме Lyca кога ми ѕвонеа се уклучуваше говорна пошта, што е нелогично мене телефонот при рака,а повик немам. Втора работа што ме нервира моментално е следнава. Имам интернет 5 гига и не можам да се поврзам. Единствено на вифи. Пак отидов таму да прашам ми рекоа сум го потрошила интернетот затоа немам и не можам да се поврзам И тоа нема врска,затоа што јас сум претежно дома периодов со мало бебе и сум на домашниот вифи поврзана, нема кај да го потрошам другиот нет Никакво известување дека е потрошен, едноставно не се поврзува.. Сега да се вратам наназад не би се префрлила на Lyca,налет тие 200 денари..
Ja симнав апликацијата ама не знам овие нули што значат. Дека немам искористено нет? Од таму ми кажаа дека бил целосно искористен и дека до 22ри јули немало да имам. Пробав сега пак не можам да се поврзам ,само на вифи можам. Види еве ако се разбираш
Т - mobile ,се може и подобро ама во главно сум задоволна од услугите. Lyca само за интернет го користам бројот и сум задоволна имаат убави понуди посебно за интернет .