One ии катастрофа се, што да кажам. Vip се најбољи и најефтини. Најдобри реклами, ефтини и добри мобилни, те ова им е бесплатно, те она мераци. А за One и T-mobile да не зборам. Цените на мобилните им се изгор. Значи еден мобилен во Vip беше 7000, во One беше 8500 а во 2be 6500. Тее, овие T-mobile и One, eднаш да се смилуваа, да дадеа попуст на мобилните, бесплатни порачиња, нешто. Ама татко ми му дале од работа, One, во круг да бидеме, а јас од другарките скоро ниедна немам на One. И не смеам сметка поголема од 200, 300 најмногу да направам. Цело време ме распрашува, ми ги чита сите броеви, кој е овој, што е овој, зашто ти е волкава сметката.. Vip се цареви бре! Сакав да си земам мобилен на Вип, а додуше сакам и картица ама не ми даваат!
и јас од скоро сум на вип,во глобала ок се,имаат добри понуди и се многу поефтини од тмобиле,само забелешка имам што мрежата во текот на разговорот се прекинува а зависи и од локацијата некогаш се губи скроз,ама имаат бесплатни минути за тоа најмногу се исплати
На т-мобиле премногу крадат.Пред еден месец ми се расипа телефонот и ми дадоа сметката за пола месец и беше 500 денари.А не сум ѕвонела никаде Ама родителите затоа нека одлучуваат
На Вип и не менувам. НАјдобри се,посебно сеа со новата акција за 70 ден.неделно 500 бесплатни минути со Вип... Се убивам од зборење!!!
сакам и јас да земам на вип сега ама ќе правеме некој домашен бизнис пакет, и демек немало мрежна покриеност секаде со вип,(татко ми не сака) до сега бевме на т-мобиле и сега ќе одиме во ОНЕ може некој да ми каже како е задоволен од оне пост пејд??
Јас сум презадоволна. Меѓу вас ќе биде бесплатно, со другите ти е 2,5 ден. минута. Си ја користиш претплатата. Само не ми се допаѓа што пораките не влегуваат во претплатата
Од утре на Вип. Претераа од Т-моб (при пејд), трошам по 3-400ден месечно, тарифите им се никакви! А башка и сите најблиски ми се префрлија на Вип.
Јас и верен ми во месец Декември ги префрливме броевите на пост-пејд (Т-Mobile),на Relax Family Start,600 ден. претплата а меѓусебно бесплатен разговор.И погодете колку ни стигна сметката?6000 ден. А намерно првиот месец се договоривме да не зборуваме со никој да видеме дали ќе крадат..Е значи ова е претеризам!!!
Т - дебиле. Скапи се. Имаат некои бесплатни минути према корисниците од истата мрежа за време на викендите ама за жал се повеќе од моите познати се префрлија на Вип. Еднаш ми направија невидени ујдурми, ме исклучија без најава, без причина. Два пати се враќав за да ги направам пуздер. Нешто ми кажува дека девојките од т-мобајл беверли не ме сакаат повеќе. Поздрав до нив Како и да е, после сите перипетии и еден фин асертивен и крајно нервозен настап на незадоволен муштерија од моја страна, добив на подарок уште 1000 денари кредит. Изненадувачки ми стигна само што излегов од кај нив
T-mobile веќе 7год и незнам немам некакви замерки.... А веке 2-3 месеци имам и број од ВИП ... Па добри се и тие има многу бесплатни разговори
T-mobile и Vip и на двата сум постпејд корисник. Од T-mobile зборувам само со моите, премногу крадат ! A со сите разговарам преку Vip, повеќето со кои секојдневно комуницирам ми се на Vip, па така да без пари ми е и многу поефтино ми е да зборам од Vip на T-mobile.
One Не сум задоволна ама ич ! 14 денари минута кон секоја мрежа е кај мене ... кај другите корисници не е така .. на што личи ова