Spoiler Ако темава е глупа или е дупла канта и клуч. Секој си е свој и уникатен на свој начин. Но, како што бабите и дедовците велат, сте се метнале на некој? Јас во очите сум на мајка ми, но во рамената на татко ми. И двајцата како мали биле слаби, па и јас сум штркче. Имам јаболчници кога се смеам исто како татко ми. Па, вие што мислите за темава? На кој од родителите личите?
На никој. Понекогаш си мислам дека ме посвоиле. ..може да се каже дека личам малку на мајка ми, а со татко ми допирна точка немаме. Spoiler Можи сум на поштарот.
Ми велат плукната сум на тато..пу,пу,пу на татко ти личиш! Па кога убаво ќе загледам во изгледот личам на тато,а со мама немам некои сличности... хм... инаку интересна ти е темата
На татко ми сум целата , со мајка ми немаме ниту една допирна точка ама баш ништооо Сите ми викаат и да не те знаеме кога ќе те погледнеме целата си на татко ти Да точно е тоа , носот ми е цел на татко ми и фала богу шо не е како на мамичка устата ми е како неговата само мојата е малку поиспакната И карактерот ни е истии,кога ќе се каже едно тоа е нема предомислување си стоиме на нашиот збор, по малку тврдоглави Упорни .... Убаво ми е што личам на татко ми
Мешана сум Тенот и косата од татко ми а,пак очите и лицето на мајка ми Инаку конституција на телото од татко ми
За физичкиот изглед, на татко ми. За карактерот, мешано. Сите ми велат дека сум цела на татко ми. Добро де, не е лошо тоа. Освен што е малку кога ќе се занесе во работа, не обраќа внимание на ништо, супер е.
Во лице сум на татко ми целата....очите,носот...додека усните ми се исти како на мајка ми...а по карактер незнам на кого личам
Па физички,незнам баш,повеќе на мајка ми,мислам на конструкцијата на телото.Косата ми е од двајцата,и двајцата имаат така виткана,а карактерно,на татко ми сум.
Физичкии на татко ми сум ама цела, целосно ништо не сум земала од мајка ми, освен забите и носот xD А и психички сум на татко ми, у тоа карактерот абе цела на него xD
Физички на мајка ми, ама сега се повеќе се менувам и менувам. Порано очите на двете ни беа сини, сега моите се зелени, мајка ми има црна коса, јас светло кафена. Има уште луѓе кои викаат дека уште многу си личиме, copy-paste. Карактер, цел на татко ми и на фамилијата *****, и затоа секогаш се сложуваме, а не како со мајка ми секој ден да се карам. Кај сестра ми например е обратно. Физички е цела на татко ми, карактер на мајка ми и фамилијата *****. Си се нашле сите шкорпии. :geek:
Надворешен изглед Во лицето личам на мајка ми, а во поглед на висина, градба, телесна конституција сум како и сите други жени од потесното семејство на татко ми . Карактер Колку пати сум размислувала за ова и многу ми било чудно, што, не само јас, туку и сите како едно потесно семејство сме различни. Мајка ми е една приказна, татко ми друга, брат ми трета, а јас сосема четврта. Дали годините ќе покажат поинаку, можеби со тек на време ќе откријам нешто, но засега така ми се гледа работата.
Надворешно потсетувам на татко ми иако сум измешана многу.Не можеш да одредиш на кого. Ми велат на некоја прабаба сум личела т.е баба на татко ми.Можеби,не знам. И карактерно сум плукната иста на татко ми.Така помалку забегувам,брза,личност која не може да седи во едно место,а сепак онака трпелива.Искрена,понекогаш многу таинствена и мистериозна личност. Личност која ја дава душата за другите само да бидат задоволни и без повредени чувства.
На татко ми, и на баба ми (на татко ми мајка) многу личам...Со мајка ми немаме допирна точка (освен карактерот)
Карактерно на татко ми, иначе многу си личам со тетка ми ( на татко ми сестра му ), а со мајка ми допирна точка немаме.