Физички мислам дека личам во градбата на телото на татко ми (висина, склоност кон дебелина, боја на кожа, носот ми е како него + косата), во цртите на лицето на мајка ми (тенки веѓи, исти усни, општо цела форма и скоро сите работите на лицето освен носот). Карактерно тие двата се многу слични само мајка ми е малку поладна и понедостапна од татко ми, така да веројатно мешано терам од двата, буквално некои карактеристики ми се од едниот, другио од другиот.
Физички на татко ми,а карактерно мешана некои особини на мајка ми а кога се лутам иста сум на татко ми.
Физички во лице мислам дека личам повече иако не толку многу на татко ми но во бојата на очите и телото мислам дека повеќе личам на мајка ми А во карактер за инаетот на мајка ми а во зборењето на татко ми
Се отвори нова фб група за Македонија, потрага по своите родители или деца (биолошки) https://www.facebook.com/groups/1756483847938322/?fref=ts
Конституцијата на телото од мајка ми , лицето на татко мо , очите мешано ( татко ми има светло зелени , мајка ми светло кафени , јас светло зелено кафени кои дома ми се кафени а на сонце зелени )
Усните на мајка ми, носот на татко ми, очите на татко ми, виткана коса на татко ми, бојата на косата на мајка ми, карактерот повеќе сличности има со на татко ми. Како и да е, карактерот во овие години се оформува. Како и да е, како растам, приметувам дека повеќе наликувам на татко ми според карактер.
Овој темперамент понекогаш не сакам да го имам,ист како татко ми. Не крие емоции,не премолчува,не е трпелив.Сакам да сум како мајка ми,сталожена,мирна,трпелива. Ама не сум...На лик премногу ни на едниот,ни на другиот...нешто измешано,ама убавко ,хихи