Лице: очи, коса , насмевка- мама , Облик на лице,уста,трепки долги -тато ,нос на баба ми. Висина на татко ми, конструкција на тело на баба ми. Карактерно се на мајка ми, освен инетот од татко ми .
во глобала цела сум на мајка ми, само сум многу висока на татко ми... портокалова во косата не знам на кој сум и тоа ме загрижува...
По физички изглед цел на мајка. По карактер се трудам да бидам свој, мразам кога приметувам дека имам некои особини како родителите.
На ниеден од родителите во карактер, дел од прабабите ама изгледа најмногу од еден прадедо, ген си е ген.
Не личам на никој во семејството, многу малку. Ова физички. Карактерно, можеби на татко ми, ама што знам, он е сепак помека личност од мене.
И карактерно и физички личам на татко ми.. како копја сум хахах само во бојата на очите сум на мајка ми
Физички на мајка ми а карктерно по малку и од мајка ми и од татко ми. Само инаетот незнам од кај ми е...