На изглед не знам, мешано. Со тек на време сфатив дека ги имам повеќето лоши карактеристи на татко ми, ама затоа го разбирам повеќе за некои работи
Карактер - на татко ми. Изглед - на мајка ми ама некоја црта имам од татко ми иако на прв поглед сум копија на мама.
Карактер микс, изглед - копија мама, мада пак... и тука има примеси од двајцата, така да не можам остро граница да тргнам и да речам "е, на овој".
На лик цела сум на мајка ми, а на табиет генерално на татко ми. Само ова инатот не знам од кај го добив, о двајцата не се такви ич.
Додека бев помала многу личев на татко ми .Како што поминуваа годините сега повеќе личам на мајка ми .Ама карактерот дефинитивно ми е на татко
Физички црти имам наследено од двајцата, повеќе на мајка ми, косата на татко ми и очите веројатно на него, се останато на мајка ми. Карактерно, цела сум на мајка со темперамент, инат и индеферентност кон луѓето, колку и да не сакам, и малку татков интелект имам. И физички и карактерно би рекла 70:30 на мајка ми. Рационалист сум по прашање карактер, колку и да не обликувала околината по своја мерка , крушата под круша паѓа. Како ми се редат години, појасно ми е.
Секогаш сестрите се шегувале со мене еј тебе те најдовме пред врата некој те осѕавил и жал ни беше па те земавме Тоа е сигурно поради тоа што не личев на ни еден од родителите , пораснав и личам по малку ама на баба ми Добро барем си знам дека сум од семејството Инаку за карактер , јас како вонсериска да сум ама ич не си личам со нив , изгледа тоа ме прави различна