Физички на татко ми, малку себична на него ама остроумна. Добра душа на мајка ми и уредна и педантна секогаш, мразам кога е се неорганизирано и несредено, карактерно повеќе сум на мајка ми.
Сите мислат дека повеќе личам на мајка ми (сталожена, мирна) по карактерот бидејќи често си траам и кријам многу работи, ама уствари сум цела на тато (бељаџика, инат, љутка).
Од отацот имам наследено многу особини на кои се трудев да поработам последниве години. Гордо можам да кажам дека од сите тие, преовладува љубовта спрема животните и чесноста моментално. Другите ствари морав да ги учам од почеток од мајка ми, како прва на листата би го издвоила трпението. Така да сега сум некој healthy mix. Физички? Најлошите карактеристики на двајцата и voila - ете сум јас. Некад дури и не ми се верува како е можно.
Во изглед а и глас многу сум личела на мајка ми, јас не се согласувам али карактерно сме слични, не исти. Многу повеќе сум како татко ми, и кутар тој откако свати малце мислам се плаши. И двајцата сме големи авантуристи, и знае он што правел кога бил млад
На татко ми скроз во се. Изглед, темперамент, се со кое што се раѓаш. Е сега мајка ми повеќе ме има воспитувано, па имам и некои нејзини карактеристики земено, ама најубавите не. Уште сум без фитиљ, фала тато
Скромна, реална, искрена, чесна и праведна на татко ми И физички доста карактеристики имам од татко ми, додека од мајка ми немам ништо, ниту карактерно, ниту физички и се радувам што е така! Затоа сме црно и бело